Кон заедничка визија за развој на авантуристички туризам во Западен Балкан – „Повторно поврзување во Охрид”

- Advertisement -

Денес во Охрид започна тридневниот регионален настан “Авантуристичкиот туризам на Западен Балкан – Повторно поврзување во Охрид”. Организиран заеднички од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Германската техничка соработка (GIZ), настанот овозможува средба на туроператори за авантуристички туризам и даватели на патнички услуги од шесте земји од Западен Балкан. Тие ќе добијат можност да го проучат потенцијалот на регионот за развој на авантуристички туризам и да разменат и развијат идеи за развивање на регионот во меѓународно препознатлива и одржлива дестинација за авантуристички туризам. На настанот ќе присуствуваат високи учесници од амбасадите на САД и Германија во Северна Македонија и познати меѓународни професионалци за авантуристички туризам како говорници.

„Повторно поврзување во Охрид” е дел од тековните заеднички напори на Проектот на УСАИД за Економски развој, управување и раст на претпријатијата и  на Проектот за Поддршка на економската диверзификација во руралните средини (СЕДРА II) на GIZ за зајакнување на авантуристичкиот туризам во регионот. Преку овие заеднички напори 25 водечки туроператори за авантуристички туризам во регионот на Западен Балкан имаа можност да ги претстават своите претпријатија и да се вмрежат на еден од најголемите самити за авантуристички туризам во светот, Светскиот самит за авантуристички туризам, кој се одржа овој месец во Лугано, Швајцарија. Собирот „Повторно поврзување во Охрид” претставува продолжување на оваа активност која има за цел понатамошно зајакнување на соработката помеѓу овие водечки авантуристички туроператори и другите туроператори од Западен Балкан, што ќе го олесни развојот на прекугранични производи и создавање заедничка визија за Западен Балкан како дестинација.  Цел на собирот е формирање на Здружение на западен Балкан за авантуристички туризам, кое ќе ги обедини туроператорите и давателите на услуги со цел промовирање на регионот во целина пред меѓународните туроператори и  туристи.

- Advertisement -

Настанот ќе биде отворен од страна на високи претставници: воведните говори ќе ги одржат вршителот на должност Амбасадор на САД, неговата екселенција Ерик Мејер, Флориан Трегер-Стајнтјес, раководител на Секторот за култура и медиуми во Амбасадата на Германија, Мартин Хибш, раководител на програма во GIZ и Јасминка Варналиева, Раководител на Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатија (EDGE).

„Амбасадата на САД е горда што ги поддржува иницијативите како оваа, кои ги обединуваат институциите, приватниот сектор и заедниците низ целиот регион за да изградат посилни врски и да помогнат за засилен локален и регионален економски развој. Ова создава партнерства и поттикнува поголема соработка помеѓу земјите во регионот, што доведува до нови можности за бизнис и вработување. Денешниот настан претставува можност за промовирање на регионот во целина за меѓународно препознавање и привлекување инвестиции, што ќе овозможи развој на нови начини за зголемување на приходите. Исто така, сето ова нуди можност за развивање на регионални авантуристички туристички производи и прекугранични тури,” изјави г. Ерик Мејер, вршителот на должноста Амбасадор на САД во С. Македонија.  

- Advertisement -

Оваа година одбележуваме 30 години германско-македонска соработка. Повеќе од една деценија Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) вложува напори за подобрување, стандардизирање и промовирање на планинскиот и авантуристичкиот туризам во Северна Македонија и регионот. Ме радува што овој настан претставува продолжување на овие напори и ќе придонесе кон целта регионот да биде дел од светската мапа на атрактивни дестинации за одржлив туризам.” истакна г. Флориан Трегер-Штајнтјес, Раководител на одделот за култура и медиуми во Германската амбасада во Скопје.

Американскиот народ, преку УСАИД, од 1993 година инвестираше повеќе од 840 милиони американски долари во Северна Македонија. УСАИД е водечка светска агенција за меѓународен развој и чинител кој поттикнува развој. Работата на УСАИД ја подобрува националната безбедност и економскиот просперитет и промовира пат за постигнување самоодржливост и отпорност на корисниците. Следете ги активностите на УСАИД во Северна Македонија на Twitter, Facebook, YouTube и на веб-страницата.

- Advertisement -

Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE) е регионален проект кој се спроведува во 12 земји во Европа и Евроазија — како и во шесте земји од Западен Балкан. Преку проектот, УСАИД спроведува низа иницијативи и поттикнува раст на избрани синџири на вредности, вклучувајќи еко, авантуристички и рурален туризам. EDGE е знак за долготрајната посветеност на УСАИД да ги поддржи економските аспирации на земјите и луѓето низ целиот регион.

Сподели!
- Advertisement -