Почна како истражувачки проект, па се разви во непрофитна организација, а сега Wasser 3.0 разви технологија која користи центрифугална сила и супстанција за згрутчување за да ја извлече микропластиката од водата и да ја рециклира.
За да го разбереме ова решение најпрвин треба да го разбереме проблемот .во изминатите пет децении пластиката стана еден од најпристните материјали на Земјата. Главно се произведува од нафта и додека некоја пластика може да се рециклира (само 10% на глобално ниво), најголем дел останува засекогаш да ја загадува околината. Резултатот е масивно загадување, но она што е пострашно е што таа пластика с тек на време се разложува до микропластика, која не можеме ни да ја видиме, а ја внесуваме во телото преку храната која ја консумираме.
Микропластика има буквално секаде на Земјата, па дури и на Северниот пол, каде што нема ни луѓе. Микропластика се смета секое парче пластика помало од 5 мм.Иако сите семји се свесни за тој проблем и преземаат активност за минимизирање на проблемот, сепак досега нема некое навистина ефикасно решение.
Односно тоа беше така до Wasser 3.0. Процесот кој го разви оваа компанија може да се користи во секаква вода. За визуелно да можете да си го претставите процесот, замислете голем сад со вода. Не можете да ја видите микропластиката во него, но со додавање на состојката позната како Wasser 3.0 PE-X тие ситни честички се згрутчуваат едни со други додека водата се врти во вртлог.
Wasser 3.0 PE-X не е отворен, а е базиран на силиконски гел кој се спојува со пластиката и ги прави честичките да се лепат една за друга. За само неколку минути со овој процесможе да се формираат грутки микропластика со големина на топче за голф. Потоа тие грутки се собираат и се рециклираат.
Технологијата на Wasser 3.0 веќе се корист во фабрика за третирање отпадни води во Германија и во фабрика за процесирање на хартија. Но, компанијата сака да ја прошири својата технологија во фабрики за прочистување на вода од канализација и во фабрики за индустриско производство во целиот свет.
(Inhabitat)
(фото: Wasser 3.0)