Мегават/час електрична енергија ќе чини 80 евра за компаниите кои произведуваат храна. Ова е новата мерка на Владата што ќе важи за сите кои ќе склучат договори до први декември.
„Ќе обезбедиме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи.
Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.
„Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании“, истакна премиерот Димитар Ковачевски со предвидување дека од старт со оваа мерка ќе поевтинат за 10 отсто прехрамбените продукти.
Повластена цена од 95 евра за мегават/час добиваат и основните и средните училишта, како и јавните претпријатија за водовод и канализација. На денешната седница, Владата одлучи да им забрани на општините и градот Скопје да основаат јавни претпријатија за осветлување. Помош ќе има за уште 200 компании, покрај оние 600 илјади домаќинства и 72 илјади мали фирми кои до сега беа опфатени со енергетските мерки.
Бектеши ветува парно греење за скопјани и по први ноември. ЕСМ склучил договор за набавка на природен гас, а 60-70 одсто од потребите ќе ги покрива ТЕ-ТО.