Во текот на месец ноември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица.
Во промотивниот период, сите нови корисници кои ќе аплицираат за НЛБ Проклик или НЛБ мПроклик го добиваат Проклик мини пакетот без надомест за користење во текот на ноември и декември, а во наведените месеци новите корисници ќе можат да ги реализираат и сите електронски налози без трошок за електронско плаќање.
Електронското и мобилното банкарство за правни лица на НЛБ Банка нудат бројни придобивки за корисниците – брзо и едноставно реализирање на сите банкарски трансакции за компанијата, директно преку мобилен телефон или компјутер во секое време и од секое место. Електронското плаќање ја зголемува ефикасноста на работењето на компаниите, помага во заштеда на време, но и средства, бидејќи електронските налози се поевтини од хартиените.
Дополнително преку НЛБ Проклик клиентите имаат можност за преглед на кредитите и директно плаќање на обврските, како и можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење. Воедно, НЛБ Проклик на клиентите им овозможува директен контакт со Банката во било кое време , како и можност да добиваат известувања за новитетите и персонализираните понуди од Банката.
Повеќе информации може да се добијат на телефонски број 02/15600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк.