НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица

- Advertisement -

Во текот на месец ноември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица.

- Advertisement -

Во промотивниот период, сите нови корисници кои ќе аплицираат за НЛБ Проклик или НЛБ мПроклик го добиваат Проклик мини пакетот без надомест за користење во текот на ноември и декември, а во наведените месеци новите корисници ќе можат да ги реализираат и сите електронски налози без трошок за електронско плаќање.

Електронското и мобилното банкарство за правни лица на НЛБ Банка нудат бројни придобивки за корисниците – брзо и едноставно реализирање на сите банкарски трансакции за компанијата, директно преку мобилен телефон или компјутер во секое време и од секое место.  Електронското плаќање ја зголемува ефикасноста на работењето на компаниите, помага во заштеда на време, но и средства, бидејќи електронските налози се поевтини од хартиените.

- Advertisement -

Дополнително преку НЛБ Проклик клиентите имаат можност за преглед на кредитите и директно плаќање на обврските, како и можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење.  Воедно, НЛБ Проклик на клиентите им овозможува  директен контакт со  Банката во било кое време , како и можност да добиваат известувања за новитетите и персонализираните понуди од Банката.

Повеќе информации може да се добијат на телефонски број 02/15600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -