ВИДЕО: Новиот Rolex работи на дури 11 км под вода!

- Advertisement -

Ако планирате да нуркате до дното на најдлабоката точка на планетата, Маријанската бразда, Rolex за вас го направи часовникот Oyster Perpetual Deepsea Challenge, обложен со титаниум, кој има потврда дека е водоотпорен до дури 11.000 метри под вода.

Со други зборови, часовникот ќе издржи притисок каков што има на најдлабокот место во тихиот Океан, иако истото не важи за кој било нуркач што го носи затоа што надвор од посебна подморница за таа длабочина би бил смачкан како палачинка поради високиот притисок.

- Advertisement -

Оттук,а се поставува прашањето зошто Rolex направил часовник кој работи а таа длабочина или можеби за во случај некој да го изгуби својот часовник среде океан, па ако падне на дното на Маријанската брзада, да продолжи да го мери времето.

Всушност, Rolex со овој часовник има едноставна идеја – сака да каже дека со него поместува уште една граница на часовниците и ни покажува колку напреднале со технологијата. Ова му е прилика да научи повеќе за новите материјали, механизми и производни техники кои може да се прилагодат и на помалку амбициозни верзии за помалку захтевни корисници.

- Advertisement -

Часовникот е наменет за нуркачи кои сигурно немаат намера да одат толку длабоко, но сакаат да бидат сигурни дека новиот часовник ќе издржи на сите длабочин до кои можат да стигнат.

Куќиштето на часовникот има сафирно стакло отпорно на гребење, како и дизајн Ringlock, кој се зајакнува како што се зголемува притисокот во водата. Во куќиштето има автоматски механизам кој самостојно се навива благодарение на двнасочен Perpetual ротор и има точност од −/+2 секунди дневно.

- Advertisement -

Rolex Deepsea Challenge веќе е во продажба по цена од 26.000 долари.

(Vidi.hr)

(фото: Rolex screenshot)

Сподели!
- Advertisement -