УНЕСКО предупредува: 1/3 од глечерите заштитени како светско наследство ќе исчезнат до 2050 година

- Advertisement -

Глечерите во Доломитите во Италија, Националниот парк Јелоустоун во САД и на планината Килиманџаро во Танзанија веројатно ќе исчезнат до 2050 година, објави УНЕСКО. Заедно тие покриваат околу 66.000 квадратни километри и сочинуваат околу 10% од светската површина на глечери.

Една третина од глечерите кои се заведени како светсло наследство во УНЕСКО дотогаш ќе исчезнат како резултат на глобалното затоплување, се вели во извептајот кој вчера го објавија УНЕСКО и Светската унија за заштита на природата.

- Advertisement -

Постојат околу 18.600 глечери распоредени на 50 различни светски наследства ширум светот, покажуваат податоците на УНЕСКО. Тие глечери веќе губат по 58 милијарди тони мраз секоја година, а од 2000 година наваму побрзо се топат поради се поголемата емисија на CO2.

2/3 од останатите глечери во светот кои се сметаат за светско наследство се уште може да се спасат ако се направат поголеми напори во борбата со климатските промени за да се ограничи порастот на температурата на помалку од 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриската доба.

- Advertisement -

Меѓутоа, експертите тврдат дека само радикални мерки и голем глобален политички ангажман може да го задржи порастот на температурата под 1,5 степени Целзиусови.

Главната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј, го опиша извештајот како повик за преземање акција во борбата против климатските промени во пресрет на климатската конференција COP27 во Египет.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -