Samsung постави нов рекорд за 5G мрежа

- Advertisement -

Компанијата Samsung Electronics постави нов рекорд во преносот на податоци преку 5G мрежа. Тестовите биле направени во партнерство со компанијата NBN Co., која е дел од инвестицискиот план вреден околу 480 милиони долари. NBN користи различни софтверски подобрувања за да го извлече најдоброто од 5G мрежата.

Во текот на теренските тестови била достигната просечна брзина на симнување податоци од 1,75 Gbps и просечна брзина на прикачување податоци од 61,5 Mbps. Максималната брзина на симнување податоци бла 2,7 Gbps и била постигната на оддалеченост од 10 км од изворот, што е посебно импресивно.

- Advertisement -

Samsung и NBN тврдат дека ова ново достигнување е битен чекор во развојот на 5G мрежите не само во густите урбани средини, туку и во руралните. Успешните тестови покажуваат дека 5G мрежата има огромен потенцијал за во иднина.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: media.defence.gov)

Сподели!
- Advertisement -