УЈП: Граѓаните должат повеќе од фирмите!

- Advertisement -

На листата има 1.652 должници – правни лица (помалку за 12 од претходната листа) и 3.209 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).

Доспеаните долгови на компаниите и на граѓаните до крајот на јули, а неплатени до крајот на октомври, според најновата листа на Управата за јавни приходи изнесуваат над 7,8 милијарди денари и во однос на претходната објава се намалиле за 250 милиони денари.

- Advertisement -

-На листата има 1.652 должници – правни лица (помалку за 12 од претходната листа) и 3.209 физички лица (помалку за 21 од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.683.872.776 денари, помалку за 276.319.143 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.009.437 денари (повеќе за 25,915,342 денари од претходната листа) – прецизно соопштија од УЈП.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Сподели!
- Advertisement -