Денес, во 13.00 часот, на плоштадот Македонија почнува Фестивалот на италијанска храна, настан во организација на Амбасадата на Италија и ITA -Italian Trade Agency, со кој се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност.Добивај вести на вибер
Италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги доловат автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони, каде што секој вкус има своја приказна. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки… Учесници на настанот се: Таверна Тоскана, Ла Тераца, Ботрега дел Вино, Еуролаб, Пица плејс, Боттега дел Густо, ИТА бренд, ЈЕС паста, Бира Морети и Таверна Наполи.
Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.
Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите COIN CASA, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, EUROLAB, BIRRA MORETTI, YES PASTA, PIZZA PLACE и ITA BRAND.
Во 13.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна.
Посетителите ќе можат да уживаат цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и вкусна италијанска храна.