ЛОСТ – Проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи

- Advertisement -

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување 7 стипендии за студенти чиј вкупен приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2021 година по сите основи не надминува нето износ од 600.000,00 денари, односно бруто износ од 900.000,00 денари.

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, почнувајќи од 01.10.2022 заклучно со 31.07.2023, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

- Advertisement -

Кој може да аплицира:

  • Студенти кои во учебната 2022/2023, зимски семестар, се запишале по прв пат во I, II, III и IV година,
  • Студентите да се запишани и да студираат на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, Техничкиот Факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Електротехнички факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип,
  • Студентите да се од семејство со ниски месечни приходи, поточно во рамки на семејството да имаат месечни приходи не поголеми од 50.000,00 ден., и
  • Студентите да не се корисници на стипендија или кредит од друга институција или компанија;

Потребни документи за аплицирање:

  • Кратка биографија – CV (задолжително да содржи податоци за контакт телефон и е-маил адреса) Потврда за редовeн студент запишан во зимски семестар за студиската 2022/2023
  • Потврда/уверение од факултет за положени испити и постигнат успех во претходните години, освен за студентите кои се запишани во прва година
  • Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по сите основи за претходната година за двајцата родители/старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција, организација или компанија Изјава за согласност за обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата

Начин и рок за аплицирање:

  • Сите потребни документи испратeтe ги на stipendii@evn.mk со назнака во subject: за стипендија,
  • Рок за аплицирање до 4.12.2022
  • Некомплетните апликации и апликациите пристиганти по крајниот рок нема да бидат прифатени

Информации за процесот на селекција:

  • Сите апликации се разгледуваат и оценуваат од страна на Оддел за Човечки ресурси и организација
  • Одделот за човечки ресурси и организација закажува интервју со секој апликант кој ги исполнува условите
  • Податоците на апликантите се третираат доверливо
  • По извршениот избор, апликантите се известуваат по е-маил за резултатите

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • Студиската година да ја заврши во рок
  • Да има положено најмалку 70% од испитите од претходната година за продолжување на стипендијата
  • Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач

Напомена: Во случај на утврдување на неточни податоци, доставени од страна на апликантот / стипендистот, ќе дојде до прекин на стипендирањето и враќање на веќе доделените средства.

Сподели!
- Advertisement -