- Advertisement -
ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување 7 стипендии за студенти чиј вкупен приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2021 година по сите основи не надминува нето износ од 600.000,00 денари, односно бруто износ од 900.000,00 денари.
Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, почнувајќи од 01.10.2022 заклучно со 31.07.2023, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.
- Advertisement -
Кој може да аплицира:
- Студенти кои во учебната 2022/2023, зимски семестар, се запишале по прв пат во I, II, III и IV година,
- Студентите да се запишани и да студираат на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, Техничкиот Факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Електротехнички факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип,
- Студентите да се од семејство со ниски месечни приходи, поточно во рамки на семејството да имаат месечни приходи не поголеми од 50.000,00 ден., и
- Студентите да не се корисници на стипендија или кредит од друга институција или компанија;
Потребни документи за аплицирање:
- Кратка биографија – CV (задолжително да содржи податоци за контакт телефон и е-маил адреса) Потврда за редовeн студент запишан во зимски семестар за студиската 2022/2023
- Потврда/уверение од факултет за положени испити и постигнат успех во претходните години, освен за студентите кои се запишани во прва година
- Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по сите основи за претходната година за двајцата родители/старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат
- Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција, организација или компанија Изјава за согласност за обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата
Начин и рок за аплицирање:
- Сите потребни документи испратeтe ги на stipendii@evn.mk со назнака во subject: за стипендија,
- Рок за аплицирање до 4.12.2022
- Некомплетните апликации и апликациите пристиганти по крајниот рок нема да бидат прифатени
Информации за процесот на селекција:
- Сите апликации се разгледуваат и оценуваат од страна на Оддел за Човечки ресурси и организација
- Одделот за човечки ресурси и организација закажува интервју со секој апликант кој ги исполнува условите
- Податоците на апликантите се третираат доверливо
- По извршениот избор, апликантите се известуваат по е-маил за резултатите
Обврски на корисникот на стипендијата:
- Студиската година да ја заврши во рок
- Да има положено најмалку 70% од испитите од претходната година за продолжување на стипендијата
- Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач
Напомена: Во случај на утврдување на неточни податоци, доставени од страна на апликантот / стипендистот, ќе дојде до прекин на стипендирањето и враќање на веќе доделените средства.
- Advertisement -