Експертите предупредуваат: Архивирајте ги објавите на Twitter зашто може да експлодира

- Advertisement -

После последните настани како резултат на отказите кои ги подели Маск во Twitter се шират шпекулации за копалсот на платформата. Откако Маск ја скрати работната сила за половина, многу корисници пријавија дека платформата се распаѓа во реално време, а истражувачите очајнички апелираат корисниците да ги преземат своите твитови во случај Twitter целосно да експлодира.

„Ако има нешто што ви е битно на Twiiter, сега е време за дигитално архивирање“ изјави Керолајн Синдерс, истражувач на вештачка интелигенција и основач на лабораторијата за човечки права Convocation Research and Design.

- Advertisement -

Дигиталното архивирање – процес на зачувување на онлајн содржини за идна употреба – постојано се шири од појавата на интернетот, но и понатаму постои во сложена, децентрализрана рамка.

Имаше многу напори да се спасат објавите на оваа социјална мрежа во текот на 16 години постоење. Конгресната библиотека почна да ги архивира сите твитови во 2007 година, но го стопираше процесот поради се поголемиот обем на платформата. Сега ги чува содржините на Twitter на селективна основа.

- Advertisement -

Најверојатно ќе бидат зачувани твитовите од повлијателните профили. Но, што е со просечниот корисник на социјалната мрежа, чии објави никој не ги смета за интересни освен оние кои ги познавааѕ? Многу корисници последните денови објавуваат дека сакаат да ги архивираат твитовите на саканите личности кои починале.

Иако моменталната ситуација со Twitter се случи многу нагло, тоа само е потврда дека интернетот отсекогаш бил несигурен, со просечен животен век на веб страниците од помалку од три години. Ова ја нагласува и непостојаноста на социјалните мрежи и дури и ако некогаш ги користиме како јавна инфраструктура, тоа всушност не се.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -