Ценовникот за инженерски услуги гарантира достојна валоризација на инженерскиот труд

- Advertisement -

Министерството за транспорт и врски информира дека заедно со Комората на овластени архитекти и овласти инженери е силно посветено во носењето на уште една нова, многу важна реформа за инженерската фела и дека Ценовникот е клучен документ кој ќе обезбеди достојна и правична валоризација на инженерскиот труд, како и поквалитетна проектна документација.

Како што соопшти Министерството, Бочварски истакна дека е задоволен што придонел за донесување на овој историски документ.

- Advertisement -

„Ценовникот на кој заедно со Комората работевме во изминатиот период конечно ја доби својата финална форма и тој претставува клучен документ со кој се заокружува еден дел од процесите, со кои треба да се обезбедат подобри услови за работа на сите нас, инженерите. Сакам да потенцирам дека еден ваков документ кој интердисциплинарно ги поврзува сите инженерски професии секогаш треба да биде предмет на надградба, унапредување и усогласување со современите текови во инженерството, на само кај нас, туку и во светски рамки. Но, најважно е дека првиот чекор е направен. Сакам да им честитам на сите за учеството во изготвувањето и верифицирањето на овој толку посакуван и очекуван Ценовник“, истакна Бочварски.

Тој очекува Комората во најскоро време да го достави и нацрт-текстот за Ценовник за нискоградба и линиски инфарструктурни објекти, со што ќе се заокружи процесот на донесување акти кои ќе ги регулираат состојбите за сите класи на градби согласно законската регулатива.

Сподели!
- Advertisement -