WhatsApp ја воведе функцијата Message Yourself

- Advertisement -

Апликацијата WhatsApp доби нова функција која на корисниците им овозможува сами себе да си испраќаат пораки кои може да послужат како потсетник, листа за шопинг и слично. Станува збор за функцијата Message Yourself, која веќе е тестирана и полека пристигнува до сите корисници на уреди со оперативни системи Android и iOS.

Кога ќе добијат надградба, корисниците ќе можат да го видат своето име на врвот на листата со контакти кога ќе пишуваат нови пораки. Тоа претставува начин за бележење постетници, креирање листи за шопинг и запишување на битни работи кои треба да ги запамтат. Ако биде овозможено, известувањеќе ве потсетува да не заборавите. Корисниците, исто така, ќе можат да ги прикачат четовите Message Yourself на врвот на листата на разговори за секогаш да им бидат при рака.

- Advertisement -


Досега корисниците можеа да си испраќаат пораки сами на себе само ако креираат групен чет со само еден член, односно со себе или ако користат функција Сlick to chat.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -