Макпетрол: Намалување на цените на природен гас и метан за декември

- Advertisement -

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец декември ќе се намали за 100 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец ноември оваа година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 11 денари за килограм, во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 134,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 123,5 денари за килограм или 88 денари за литар.

- Advertisement -

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -