ВИДЕО: XTURISMO е првиот летачки велосипед во светот

- Advertisement -


XTURISMO е првиот летачки велосипед во светот. Составен е од повеќе технологии за дронови, а создаден е како решение за недостигот од простор за двиѓење во градовите.

Мозокот за оваа иновација се група студенти на Универзитетот Токио. Тие основале мал стартап наречен A.L.I Technologies со цел да развиваат и да продаваат дронови, а целта им е урбаниот воздупен транспорт да го претворат во реалност.

- Advertisement -

Тие знаеле дека поради недоразвиената законска рамка за воздушен транспорт морале да ја сменат својата цел со XTURISMO – за почеток да почнат со лебдење над јавни патишта, наместо директно летање во воздух. Во иднина тие сакаат да создадат автомобил кој ќе лебди, оиткако летачкиот велосипед ќе биде прифатен како начин на транспорт.

XTURISMO е наменет да се користи како замена за автомобилите во урбаните среидни. Летачкиот велосиопед ќе може да се користи за кратки летови, а од компанијата веруваат дека ќе може да се користи и за потрага и спасување.

- Advertisement -

Летачкиот велосипед тежи околу 300 кг. Долг е 3,7 метри, пирок е 2,4 метри, а висок 1,5 метри. Може да лета 40 минути со максимална брзина од 100 км на час/ Има пропелери слични на тие кај дроновите и хеликоптерите.

XTURISMO моментално може да се купи преку официјалната страница на Aerwins, која е компанија-мајка на A.L.I. Technologies, по цена од 777.000 долари во црвена, сина и црна боја, а во САД ќе биде достапен од 2023 година.

- Advertisement -

(Aerwins)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -