Маск почнува да тестира мозочни импланти кај луѓе

- Advertisement -

Компанијата Neuralink, која ја основаше Илон Маск со цел развој на високопропусни мзок-машина интерфејси за површузвање на луѓето со машините ја одржа конференцијата Show and Tell за есента 2022 година, на која беа претставени најновите успеси о реализацијата на таа цел.

Во таа прилика Маск изјави дека очекува дека за шест месеци отсега ќе почнат клиничките тестирања на луѓе, но предупреди дека првиот прототип на уредот ќе има ограничени можности, па го спореди со iPhone 1.

- Advertisement -

Ди-Џеј Сео, потпретседател на Neuralink за импланти, ја покажа најновата линија производи со ознака N1 и напомена дека ќе се полнат безжично. Исто така, претстав хируршки робот кој е направен за вршење операции на импланти, а потоа покажа и демонстрација како би изгледале тие операции. Додаде дека Neuralink веќе има две операциони сали во кои ќе се вградуваат имплантите, а во план е и изградба на клиника во Остин која ќе се занимава со тоа.

Идејата зад Neuralink отворa повеќе етички и социополитички прашања, но заговорниците велат дека таквите уреди на луѓе со ампутирани нозе или раце и на луѓе со инвалидитет ќе им го променат животот. Меѓутоа, Маск го нагласи потенцијалот на уредите за немедицинска примена, како што е користење на мозочните импланти за контрола над машини, како и безбедносни механизми доколку дигиталната вештачка интелигенција еден ден стане попаметна од кој било човек.

- Advertisement -

Маск откри и дека Neuralink ќе ги стави своите алатки на располагање на неуронаучнциите дури откако ќе дојдат во фазата производство. Пред овие импланти да почнат масовно да се произведуваат и да стигнат на пширок пазар им треба регулаторно одобрение. Американската Агенција за храна и лекови објави документ во мај минатата година во кој објасни какви се ставивите на агенцијата за уредите кои се комбинација од мозок и компјутер. Маск вели дека најголерм дел од потребната документација веќе е предаден во агенцијата и може да почне со тестирање на луѓе во рок од шест месеци ако добие дозвола од Агенцијата.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -