„Челичната дама“ Марта Наумовска Грнарова го промовираше првиот македонски паметен радијатор

- Advertisement -

Комбинација на дизајн, уметност и технологија е новиот продукт, смарт радијатор на македонската компанија „Завар дизајн“. Изработен како вистинско уметничкото дело, скулптура, од најсовремени материјали, паметниот радијатор го разубавува и го затоплува животниот простор во современиот дом.

Иновативните дизајни на „Завар“ се достапни во сите делови од светот, а на престижните саеми ги добиваат првите награди. Во разговор со Марта Наумовска-Грнарова, генерален директор на „Завар Дизајн“ откриваме дека во најновата палета на “Смарт радијатори“ од десетина различни обработки се користат црн и позлатен инокс, бакар и други ексклузивни материјали, а гаранцијата на производите е 20 години.

- Advertisement -


Новинар – Верица Јорданова


Смарт радијаторот на „Завар дизајн“ доби своја премиера. За каков производ се работи?

- Advertisement -

Смарт електричните радијатори на „Завар дизајн“ се комплетно нов пристап и концепција во доменот на дизајн на радијатори. Нашата идеја беше радијаторот да го одвоиме од централниот систем за греење на  објектот и да отвориме можност за слобода на корисникот да може да го додаде во било кое време. Целта ни беше да направиме производ што ќе биде во согласност со новите енергетски барања, односно штедлив, што е овозможено со управувањето со смарт апликација. Радијаторот може да се програмира периодично во текот на денот, во зависност од потребата за користење. Поседува механизам кој овозможува при нагло паѓање на температурата автоматски да се исклучи. Освен аспектот на штедливост, смарт радијаторот е одвоен од градежната фаза на објектот и купувачот да има слобода да го додаде во било кое време бидејќи е лесно пренослив. Исто така, сакавме да одиме чекор понапред и од аспект на дизајнот, заради што соработувавме со дизајнерот Зоран Једрејчиќ кој има долгогодишно искуство од областа на дизајнот и дизајн менаџментот кој е воедно арт директор на брендот Завар Дизајн.

Паметниот радијатор е изработен со поддршка на проектот на ФИТР преку што добивме можност нешто што сме го развивале долги години како бренд и призвод да го направиме многу попрофесионално и да го доведеме на сосема друго повисоко ниво. Тоа се одразува на сите аспекти почнувајки од самиот квалитет и комплексност на производот како таков, материјалите, техничкото решение и целата вградена технологија, но исто така и промотивните материјали и претставувањето наистиот.

- Advertisement -

Каков извор на енергија користи смарт радијаторот?

Целта ни беше да развиеме техничко решение за начинот на греење и за контролирање на греењето и управувањето. Сите три аспекти, покрај самиот дизајн  се решенија кои се оригинално развиени кај нас и се комплетно иновативни. Исто така сакавме да обезбедиме целата електроника да не ја нарушува естетиката на производот. Смарт радијаторот работи на струја но е штедли и  нема голема потрошувачка. Од аспект на греење може да се гледа како помошно грејно тело погодно за меѓу периоди, догревање но со истовремена луксузна присутност во ентериерот.

Каде се случи светската премиера на радијаторот и каков е приемот кај клиентите?

Пандемијата на Ковидот 19 ги одложи саемските манифестации кои започнаа на класичен начин дури есенва. Поради тоа одевме со идеја да го засилиме присуството на интернет, бидејќи постојат портали кои заменуваат саеми, а се онлајн презентација во текот на целата година. Таков пример е Archiproducts (Архипродактс)  кои ги следат сите дизајн настани во светот и таму се претставени сите релевантни производи поврзани со уредување на домови и градежништво. Претставувањето го започнавме со виртуелен штанд на порталот Архипродактс , по што следеше и  претставување на Саемот за Мебел во Белград во ноември оваа година. На оваа манифестација се посветува осбено внимание на  дизајнот преку промовирање на  млади дизајнери и  компании кои инвестираат во дизајн на своите производи. Постои силно регионало присуство на компании за мебел кои го негуваат дизајнот при што во моментов сеуште е  Хрватска регионален лидерсо неколку успешни брендови , но истовремено најголеми инвестиции во дизајн и најголем подем во сферата на дизајн на  мебел особено од дрво бележат компаниите од Босна. Конечниот заклучок е дека како регион веќе почнуваме да создаваме свој дизајн идентитет, што е одлично во поглед на позиционирање и пробивање во нови нивоа на европските и светските пазари на оваа индустрија, а е резултат од долгогодишна инвестиција во развој на производи од страна на компаниите кои ја согледуваат неопходноста од инвестирање за  крерање на производи со поголема додадена вредност.

Организаторите на саемот се трудат да ги збогатат содржините преку најразлични активности меѓу кои во фокусот беа Разговорите за Дизајн – “ Design Talks” каде  имавме претставување уште првиот ден кое наиде на голема заинтересираност и интеракција од страна на публиката. Исто така како составен дел од саемската манифестација е доделувањето на наградите Златен Клуч каде Завар за моделот од најновата колекција потпишана од страна на дизајнерот Зоран Једрејчиќ доби признание за особен придонес во дизајнот за колекцијата Флексус ( Flexus ).

Идејата позади колекцијата смарт електрични радијатори Flexus е прилично едноставна, но и храбра во исто време : зошто да не се искористат сите потценети простори во ентериерот како nа пример аглите на ѕидовите и да им се даде нов живот и значење? Флексус ја менува играта и ги преобразува сите агли во просторот во уметнички катчиња.

Оваа награда е продолжување на серијата од награди кои му оддадоа признание на брендот Завар Дизајн за својот иновативен пристап , почнувајки од наградата за најиновативен дизајн од страна на Американското здружение на дизајнери на ентериери –  ASID NY Metro во 2017 година, BIG SEE наградата за дизајн на производ за колекцијата Дроп на дизајнерката Јана Ацевска во 2018 по што следуваше номинација за 2019 и   Германската награда за дизајн на производ за 2020 за истата колекција.

Развојот на новите електрични смарт радијатори на Завар започна за време на пандемијата од Ковид и сме горди дека во период од  две години успеавме да направиме серија од пет нови  колекции кои содржат повеќе од десет различни нови производи  во кои е вградена комплетно нова технологија на која работеше тимот на Завар во соработка со неколку компании од земјава и регионот.

Како го објаснувате интересот на купувачите? Радијатор вообичаено е продукт во кој нема дизајн, а вие создадовте нешто сосема ново и иновативно?

Постојат два типа на саеми каде се претставуваат вакви производи, саемите за греење и саемите за луксузен дизајн кој во фокус го имаат мебелот со сите придрушни елементи. Гледаме да имаме присуство и во двата сегменти со оглед на то што се работи за специфична ниша на позиционирање на самит производ која ги допира и двата – на првите нашиот производ отскокнува со дизајнот додека на саемите за мебел сме дел од аксесоари и придружни елементи за уредување на дови и јавни простори. Впрочем  тоа ни беше и целта, бидејќи овој продукт треба да го одбере архитектот за внатрешен дизајнбидејки  досегашното искуство покажува дека најчесто клиентите ни доаѓаат преку архитектите. Тие треба да ја имаат информацијата и да го препорачаат производот но, секако има и голем број на индивидуални клиенти .Б2Б пристапот е секогаш важен сегмент  за таргетирање на големи проекти кои ги надополнуваме со разлишни дизајни од метал кои се надополнуваат со самите грејни тела дооформувајки го ентериерот во сличен дух.

Радијаторите на „Завар дизајн“ се своевидни скулптури, умтнички дела. На кои пазари се пласирани?

Идејата кај овој радијатор е купувачот да има скулптура во ентериерот кој сериозно ќе го облагороди просторот и кој има истовремено и друга функција. Со најновите колекции радијаторот го одвојуваме и од ѕидот како простор, така што го имаме првиот самостоечки радијатор како мала скулптура. Лесно е поместлив и на тој нашин  ги зголемува можностите за негово користење. Досега имаме продавано на сите континенти, но најголем пазар ни се сеуште европските земји. Овој тип на греење и новите решенија отвараат нови подрачја како пазар, особено во предели  каде не се потребни системи за централно греење и истовремено постои потреба  од подгревање на просторот, како што би биле на пример медитеранските земји. Ако се земе во предвид дека овие предели се карактеризираат со доста индивидуални и јавни објекти кои се луксузни хотели и немаат системи за греење се отвараат многу можности и потенцијални пазари за овој производ.

Започна ли продажбата на најновата колекција?

По првото преставување во преговори сме со првите клиенти, застапници и дистрибутери.  Дизајнерските радијатори веќе 18 годии се продаваат и во Македонија – досега во верзија за топловодно греење а сега и во смарт електрична верзија, веќе постои   традиција за нивна употреба и секој што сака со внимание да го уреди својот животен простор ги зема во предвид нашите производи. Кога се работи со луксузни производи ценовната категорија е повисока заради материјалите кои се вградени и начинот на изработка. Споредено со италијански брендови од иста ценовна категорија, тоа што се добива како вредност со нашиот производ е многу повисоко. Ние користиме природни материјали, имаме палета од 10 различни обработки при што користиме црн инокс, позлатен инокс, бакар и други ексклузивни материјали. Класичните радијатори за бањи се најпопуларни кај нас и ако конкуренцијата дава гаранција од една година, нашите се неколупати поскапи, но со гаранција од 20 години .

Кој канал на комуникација и претставување се покажал како најдобар за промоција на производите на „Завар“?

Секако, потребни се сите алатки. Пандемијата отвори море од пазари кои се полесно достижни преку онлајн продажбата, но тоа е само привидно и не е довоно само по себе. Секој канал треба поединечно да се следи, како што наградите се важни за да  се позиционираат производите, саемите се важни да се претстави продуктот и да се направат контакти, списанијата се важни за да допрат до пошироката публика а излозбените салони за да се видат во живо и допрат самите произвди. Секогаш сублимирана  и избалансирана комбинација помеѓу сите овие канали на присуство е најидеалното решение.

Спомнавте дека за последната колекција соработувавте со етаблиран дизајнер. Кој е остатокот од тимот што стои во позадина и кои се предизвиците со кои се соочувате?

Производството е врзано со нашата фабрика, „Завар дизајн“ работи со релативно мал тим, но имаме семејство од долгогодишни соработници. Предизвиците се најмногу врзани со локацијата и буџетот за маркетинг, но сепак веќе осумнаесет  години сме присутни на различни саеми и успеавме да направиме сериозно позиционирање и издвојување од конкуренцијата Европа, САД и пошироко со што се олеснува онлине продажбата.

Последната награда која ја добивте го олеснува лансирањето и на новата колекција.

Секако, колекцијата е нова, а веќе има одредено признание што секако ќе ги охрабри луѓето да се заинтересираат и да се уверат во квалитетот на нашите производи. Очекувам добар прием и на светските саеми бидејќи за сега не постои сличен призвод, а палетата од модели кои покриваат различни барања и вкусови оди во прило на овие барања. Новата колекција на електришни смарт радијатори се состои од  пет колекции кои се состојат од по неколку разлишни модели и огромен број на комбинации од материјали и завршна обработка на површините. Истовремено беа освежени дополнети и редизајнирани и колекциите од топловодните радијатори кои се секогаш актуелни и подеднакво барани.

Годинава ја одбележува уште една награда, патент на годината, за што станува збор?

Во изминатиите години доста работевме на развој на нови производи за кои се здобивме со неколку патентни права за истите. Но еден од нив се издвои според критериумите на патентната комисија  најголем впечаток остави универзалната машина за процесна индустрија за која одлучија да ни биде доделено признанието “ Патент на годината”. Се работи за машина која е наменета за мали производства или за R&D од фармацевтска или хемиска компанија, кои се комбинација од различен режим на работа и на кои оваа машина им заменува 10 различни машини. Се надеваме дека за кратко време веќе ќе биде во функција.  

Зошто за компаниите е важно иновирањето за да опстанат на пазарот?

Развојот е сериозна инвестиција но истовремено е неопходна бидејќи не може постојано да се експлоатира истото знаење на една компанија. Тоа се исцрпува и на одредени временски интервали мора да се инвестира во ново. Резултатите не се брзи и не се веднаш видливи туку напротив имаат подолг циклус на враќање, но истоврмено се многу важни за позиционирањето на компанијата и за градењето на идентитетот и довербата кај клиентите. Сите тие елементи се неизбежен предуслов за развој и одржливост на една компанија. Независно од големината на самиот буџет наменет за развој  важно е  компанијата  да има определба и култура за постојано учење која е основа за креирање иновации. Завар работи на custom made опрема прилагодена на потребите на клиентот и тоа само по себе подразбира дека мора да сме иновативни. Од самиот почеток негуваме култура на иновирање за што сведочат и признанијата за развојот на производите во изминативе години работење.

За домашните компании е многу  важно да не се фокусираат са мо продажба на   работна рака, туку и интелектуален труд, додека најдобриот избор е изработка на комплетно решение. Следната година Завар прославува 35 години постоење и од досегашното искуство  можеме да потврдиме дека инвестицијата во знаење и иновации секогаш била  исплатлива.

Со оглед на тоа дека работите за процесна индустрија која беше погодена од кризата, според вашето искуство се враќа ли економијата во нормала?

После  сублимирањето на впечатоците од последниот саем во Франкфурт и бизнис форумот во Виена заклушокот е дека доаѓат времиња во кои ќе се соочиме со бројни предизвици и кде ќе дојде до израз креативноста на секоја компанија во сите сегменти на работењето. Саемот АХЕМА ( ACHEMA ) ,кој  после неколку одложувања беше одржан во август годинава, е централно место околу кое гравитираат со свое присуство  претставниците на сите релевантни компании од областа на процесна индустрија и се производители на опрема и инструменти за  хемиска, петрохемиска и фармацевтска индустрија. Оваа година бројот на излагачи беше речиси преполовен и постоеше сериозна загриженост кај учесниците во кој правец ќе се движи индустријата во следните неколку години. Впечатоците не се целосно оптимистични, притисокот и последиците се чувствуваат во самата индустрија , но големите водечки компании сепак го имаат целосно продадено своето производство за следната година. Се очекува застој во индустријата која е  зависна од инвестиции а тоа  подразбира прилагодување на одредени инвестициони  циклуси, но со добро планирање и диверзификација би требало овие удари да се избалансираат .Очекувањата за  првата половина од следната година се да  го дадат вистинскиот сигнал дали економијата ќе оди во стабилизација или надолу, но се ова не е неочекуван процес за излегување од економска криза и прилагодување на околностите.

Како „Завар“ беше дел од модната недела во Белград?

Модната недела во Белград доживува свое 50-то издание  и бележи 25 години постоење со низа посебни активности кои  кулминираа со  специјалната групна модна ревија „Јованка во боја” посветена на поранешната прва дама Јованка Броз симболично одржана на 29-ти ноември во престижната Палата на Србија.  За таа цел беа поканети дваесетина модни дизајнери од целата поранешна Југославија при тоа користејќи оригинални материјали од богата колекција на Јованка Броз .

Моделите на Лидија Георгиева, кафезот наравен во Завар Дизајн

Како претставник од  Македонија беше поканета модната дизајнерка Лидија Георгиева која своето видување на оваа тема сакаше да го прикаже преку симболиката на златниот кафез  – за што Завар Дизајн со големо задоволство го прифати предизвикот преку заеднички настап за прв пат да креира и изработи дизајн кој ке биде инкорпориран во еден моден изглед.

Навистина беше интересен креативниот процес во кој се надополнуваа нашите вештини, идеи и знаења од различни области кој резултираше со брилијантно и впечатливо претставување на два модели во кои симболиката на златниот кафез во кој живеела Јованка Броз беше преточена во суптилен,елегантен совршено изработен моден детал  кој никого не го остави рамнодушен.

Сподели!
- Advertisement -