СЕРГЕЈ, првиот футуристички центар за физикална терапија со роботи во регионот стартува во Битола!

- Advertisement -

Вчера беше светскиот ден на лицата со попреченост, кај нас познат како ден на лицата со посебни потреби. Од никогаш не ми се допаѓал изразот „Лица со посебни потреби„. Нема посебни потреби, сите сме само луѓе. И лицата со попреченост имаат исти потреби како и сите други луѓе, само начинот на кој ги остваруваат е отежнат. 

На денешниот ден и деновите околу ќе видите секакви акции кои ќе се обидат некои да кажат… еве и ние сме тука за вас и тоа ќе го направат во само еден ден. Потоа се се заборава….до следната година и новиот 3 декември.

- Advertisement -

Веста дека Битола наскоро го добива првиот футуристички центар за физикална терапија и роботика, ме израдува многу и решив овој вчерашниот 3 декември да го поминам со луѓето кои стојат позади оваа идеја, да направиме интересно интервју кое ќе шири добри намери за оваа племенита цел, луѓе кои ќе направат секој ден да ни биде 3 декември.

Она што го видов во СЕРГЕЈ-тоа е името на овој центар сместен во Приватната установа за социјална заштита “Софија” е влез во иднината и ќе го олесни животот на многумина. 

- Advertisement -

Зад идејата и зад реализацијата на овој проект стои младата Ивана Дамјановска, која од лични причини – долгогодишната агонија низ коридорите на болниците и центрите за рехабилитација и кај нас и во светот во која се грижеше за својата мајка Лидија, која боледува од Мултиплекс склероза, наидува на методи кои носат иновации и даваат надеж за лицата со попреченост.

Така решава да го отвори првиот центар за рехабилитација, активна рехабилитација и роботика, што е потполно нова метода за лечење невролошки, ревматолошки, ортопедски и други проблематики, кои даваат шанса да се вратат движењата без болка. 

- Advertisement -

Неуро-роботика е област на последната декада која ги поврзува невронауката, инженерингот и компјутерската наука. Со оваа нова и напредна технологија, утврдено е дека мозокот има својство на пластичност. После некакво оштетување, потребни се информации кои низ таа трансформациска пластичност на мозокот, ќе овозможат нормално функционално движење. Неуроните можат да се обноват, а уништената функција на некој дел од мозокот може да ги превземе друга група на неврони со создавање на нови синапси помеѓу нив.

Ивана, во својот тим има доктори од областа на неврологија, физијатрија и психолози кои прават наменски план за рехабилитација со специјализирани уреди, под надзор на дипломиран терапевт, покрај уредите кај индивидуален пациент се применува и конвенционална физикална терапија.

И да повторам, секој ден да ни биде 3 декември.

Новинарка Љубица Ангелкова

Идејата…

Трагајќи по различни центри низ Светот, Русија, Белград, Ниш, со мојата мајка Лидија Ристевска, која има 49 години, а 20 години боледува од фамозната мултиплекс склероза… Дојдов до идеја да им олеснам на луѓето со овај тип проблематика, особено од нашата држава, да не го одат тешкиот пат кој го одевме јас и мојата мајка, сами, надвор од дома со месеци. Се одлучив на овoј чекор токму поради тоа, покрај олеснувањето на таквите пациенти, сакам и да помогнам.

Секој пат кога ќе се спремавме и кога ќе го напуштевме домот, си го поставував прашањето “Зошто ова не го има во нашата држава?”

После неколку обиди, моето прашање успеав да го реализирам. Со отворањето на овај центар им се олеснува на пациентите кои имаат потреба од ваква рехабилитација, да не ја напуштаат својата држава, да го зборуваат својот јазик, да се чувствуваат дома, сепак на крајот, дома си е дома.

Ова ќе биде и прв центар со примената роботика во физикална терапија и во Македонија и во регионот? Какви видови на терапија предвидувате и во што се разликува од конвценционалната?

Она што не прави поразлични е започнување со рехабилитација, активна рехабилитација и роботика, што е потполно нова метода за лечење односно рехабилитирање. Со верба во медицинската иновативност, нашите уреди работат со последна генерација на современа технологија како што се “movement sensors, virtual reality games and robotics.”  Овај метод на рехабилитирање се покажа дури 50 пати подобар од конвенционалната физиотерапија. Што значи тоа? Овие уреди кои рехабилитираат, имаат способност да ја мерат и запишат активноста на корисникот односно пациентот на почетокот и на крајот од рехабилитацијата, што е многу ефикасна околност и за корисникот и за терапевтот. Самиот уред со самата игра не дозволува да размислувате на својот проблем. Буквална рехабилтација.

Еден од уредите е Smart Glove или паметната ракавица, особено потребна на пациенти кои преживеале мозочен удар. Според статистиките, 15 милиони луѓе годишно во светот доживуваат мозочен удар, една третина умира а другите се соочуваат со последици кои бараат долга рехабилитација. Како помага овој робот?

Уредот Smart Glove или паметната ракавица со својата програма која промовира моторно учење и реорганизација на мозокот за да се подобри функцијата или движењето на раката, прстите, кои најчесто се рехабилитираат од мозочен удар, но и други невролошки болести. Технологијата на сензорот открива и запишува податоци на движење, паметната ракавица е високотехнолошки уред за рехабилитација кој ги мери движењата на подлактицата, зглобот. Ефикасноста на овај уред е докажана во клинички испитувања од Национален центар за рехабилитација објавени во журнал за невроинжинеринг и рехабилитација.

Smart Board e  пак спој помеѓу смарт табла, 4Д технологија и  VR. Кому е наменет овој апарат?

Уредот Smart Board или паметна табла е уред кој рехабилитира горни екстремитети. Уред кој доживува ограничување на функционалните движења како резултат на подобрување на функционалноста на рацете. Дизајнирана за подобрување на активниот опсег на движење на зглобовите и контролната способност. Автоматски ја прилагодува тежината на играта во согласност со моменталниот статус на корисикот, што овозможува персонализирана терапија. Уредот нуди програма за проценка базирана на податоци, заснована на наука и мозок, рехабилитација и клиничко истражување.

Светот успехот на терапијата во која е применета роботика ја мери во денови, а конвенционалната во месеци.  Кому најмногу ќе му помогне опремата која во моментот ја имате?

Во моментот од нашето отварање опремата која што ја имаме е целосно рехабилитирање на тело, особено на невролошките состојби, би издвоила мозочен удар, мултиплекс склероза, церебрална парализа и секако други.

Планирате и нови апарати. Во кој правец ќе се развивате?

Со роботика до повторни движења. Тоа е главното мото на овај вид рехабилитација. Во најава го имам роботот за движење, народски познат како Локомат. Исто и екстензија за лекување на дискусхернии без операција и безболно.

Тимот го сочинуваат и доктори и психолози и ИТ експерти кои ве советуваа при избор на опрема. Како е поставена организацијата на центарот?

Организацијата на центарот е следна: прво кога ќе пристапи пациент во нашиот центар пред се прави преглед од нашите консултанти специјалисти, се прави анамнеза на пациентот која се внесува како почетна анамнеза во наша сопствена програма која ИТ експерти ја спремија за наши потреби, потоа се прави индивидуален план за рехабилитација, после одредувањето на оштетувањето на пациентот. И крајно, спроведување на рехабилитацијата со помош на нашите уреди и терапевтски вежби под надзор на дипломирани терапевти. И последно, испишување на пациентот во подобра самостојна состојба.

Фамозното соочување на мозокот со компјутерот во лекувањето на телесни оштетувања овде ја имаме на дело. Филозофијата на роботиката применета во рехабилитацијата некако го заменува и самиот физиотерапевт. За какви прилагодувања на мозокот зборуваме?

Точно, баш го заменува и самиот терапевт. Терапевтот го прилагодува уредот на пациентот и според неговата потреба се уклучува игра за неговата состојба, проблематика, па тука пациентот е во фаза повеќе на користење на мозокот од своите екстремитети. Не размислувајќи на проблемот, го третираме проблемот.

На почеток применувате готови решенија, но дали планирате и воведување на домашни иновации на тимови кои работат тука?

Засега користиме готови решенија кои се клинички докажани како што споменувам во интервјуто, а секако дека сме расположени за се што е иновативно и од последната генерација на технологијата, во тоа е и целта на нашиот центар.

Сподели!
- Advertisement -