Документарниот филм во режија македонско-шпанското дуо Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас – Канди, „Вознемирена земја“ (Disturbed earth) се квалификуваше за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм.
Академијата за филмски уметности и науки во САД ја објави листата на филмови кои се квалификуваа за 95. издание на престижната награда.
Станува збор за долгометражен документарец кој со шпанско-македонско-босанска копродукција, а се квалификуваше за Оскар со освојувањето на Големата награда (Grand Prize) на 14. издание на фестивалот на документарен ДМЗ Докс (DMZ Docs), што се одржува во Кореа.
„Вознемирена земја“ чиј синопсис гласи: „Простор во тишина, каде што минатото ја има заробено сегашноста. Слој по слој, колективната болка навјасува, навлегува во пејзажот, просторот, градот. Во еден миг продира и во нас. Сребреница станува реалност на денешницата и наша лична реалност“ годинава доби и Специјално признание „Кромид“ за најдобар интернационален долгометражен креативен документарен филм на фестивалот „МакеДокс“.
(Meta.mk)