Министерството за економија и одржлив развој на Хрватска за десетина дена ќа ги отвори понудите за енергетски капацитети на површината на подрачјето Проложац, кој може да стане најголемата соларна централа во светот.
Станува збор за вкупно 3,7 милиони квадратни метри, односно 370 хектари земјиште погодно за поставување соларни електрани. Со тоа ова подрачје може да стане едно од најголемите соларни електрани во светот.
За споредба, веројатно најголемата светска електрана Enel Group Villanueva во Коахуили во Мексико има капацитет од 2.000 GWh годишно, се состои од 2,5 милиони соларни панели и се протега на површина од 2.400 хектари.
Нзјголемата европска соларна централа се наоѓа во Шпанија, има капацитет од 328 MW и со своите 850.000 соларни модули се протега на површина од 220 хектари. Таа инвестиција била вредна 250 милиони евра, а електраната дава доволно електрична енергија за околу 200.000 домаќинства.
Иако веќе се шпекулира дека неколку европски играчи се во игра за земјиштето во Хрватска, познато е дека веќе постои студија за SE Prolojac инвеститорот VSB Renewable Energy Croatia, кој планира проект за соларна електрана со капацитет од 11,25 MW и приклучна снага од 10 MW.
Проектот ќе се простира на 25 хектари, од кои на самата плоча отпаѓаат 14,3 хектари. Ако овој проект се спореди со вкупното слободно земјиште, очигледно е дека на тоа подрачје има капацитет за 15-ина такви соларни централи со вкупна инсталирана моќност од најмалку 150 MW.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Wikimedia)