Светот на автономните електрични трактори е се поголем, а доказ за тоа е и моделот кој го претстави компанијата CNH Industrial.Како што велат оттаму, станува збор за првиот електричен лесен трактор, односно прототип со беспилотна технолгија.
Моделот се вика New Holland T4 Electric Power и е машина која овозможува тивко работење без емисија на гасови, за разлика од дизел моторите. Исто така, трошоците за работа се пониски, а се намалува и времето кое фармерите треба да го поминат зад воланот. Сензорите и камерите поставени на кровот помагаат да се заврти каде што треба, да избегнува препреки и да работи во хармонија со другата опрема. Исто така, тракторот може да се стартува и преку смартфон.
T4 Electric Power има електричен мотор од 120 KS и овозможува максимална брзина од 40 км/ч, а неговата батерија е доволна за цел ден работа, во зависност од видот на задачата. Сепак, тоа значи дека би можело да биде потребно дополнително полнење, но батеријата може да се наполни за само 60 минути со помош на брз полнач.
Покрај основната намена, тракторот може да се користи и како извор на енергија на тркала затоа што има отвор за приклучок на различен алат, а може да функционира и како резервен извор на енергија. На тракторот може да се приклучуваат хидраулички, механички и Power Take Off додатоци.
Производството на тракторот треба да започне на крајот на 2023 година. Цената на тракторот не е позната, но споредк тврдењата на производителот, овој трактор ќе ги намали оперативните трошоци до 90%.
(Klix.ba)
(фото: YouTube)