Новогодишен Промо депозит од Халкбанк со камати до 3,3%

- Advertisement -

Во пресрет на предновогодишната еуфорија кога сите се подготвуваме за дочекот на Новата година, покрај трошоците што ги правиме за славење и набавка на подароци за најблиските, потребно е да размислуваме и за целите кои што планираме да ги исполниме и плановите што сакаме да ги реализираме во текот на 2023та година.

Тогаш, зошто да не почнеме од креирање на финансиски план и правење планови за штедење и остварување на дополнителен приход?

- Advertisement -

Халкбанк АД Скопје согласно своето мото – Важни се луѓето,  токму во последните денови од годината, кога се носат резолуции за следната, го креираше  Новогодишниот ПРОМО депозит што нуди штедење во денари или евра со каматни стапки до 3,3% за штедење во денари и 2,20% за штедење во евра на рок од 36 месеци.

Каматната стапка на Новогодишниот ПРОМО депозит, за штедни влогови во денари, орочени на 13 месеци изнесува 2,5%, односно 1,30 отсто за штедење во евра. За орочување на период од 25 месеци каматната стапка е 3% за денарско штедење, односно 1,8% за штедење во евра. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Исплатата на каматата, зависно од договорот, може да биде месечна или на крај на периодот на доспевање.

- Advertisement -

Кај овој производ не е предвидена можноста за делумно повлекување на средства ниту можност за дополнителни уплати пред истекот на периодот на орочување.

Создадете нови навики и искористете ја понудата за Новогодишниот Промо депозит која важи до 20.01.2023 година.

Сподели!
- Advertisement -