Како до добра презентација – топ 3 Ted Talks

- Advertisement -

Доброто говорење е квалитет кој на секој човек му е потребен. Дознај како можеш значително да го подобриш твојот говор и како да дадеш добра презентација.

Деца, средношколци, студенти, вработени. Листата на којашто се вброени луѓето на кои во одреден период во својот живот ќе се најдат пред улогата на говорник ги вклучува речиси сите. Тремата и нервозата кои можат да се присутни и со самата помисла на тоа дека треба да зборуваш пред публика се сосема очекувани. И, иако многумина веруваат во митот дека довор говорник се раѓа, а не се станува, во продолжение ќе дознаеш како можеш да работиш на твојата презентација, а од кого да научиш најдобро, ако не од најдобрите говорници на Ted Talk.https://www.youtube.com/embed/yoD8RMq2OkU?feature=oembed

Направи детален концепт на она што сакаш да го кажеш


Многу е тешко да одржиш добар говор доколку немаш нешто за што вреди да се зборува. Па затоа, правењето на план за на она што сакаш да го кажеш е највиталниот дел од подготовката.

- Advertisement -

Доколку сакаш да дадеш добра презентација треба да размислуваш кон тоа да ја одведеш публиката на некое патување и да воведеш добар storytelling.

Првичните одлуки што треба да ги донесеш се да одлучиш каде да започнеш и каде да го завршиш патувањето. За да го најдеш вистинското место за почеток, треба да размислиш што луѓето од публиката веќе знаат за твојата тема и колку тоа им е важно. Ако претпоставиш дека имаат повеќе знаење или интерес отколку што навистина имаат, или ако пак почнеш да користиш жаргон или премногу технички зборови, крајниот резултат на твојот говор ќе биде – збунета публика која половина од работите не ги ни разбрала.

- Advertisement -

Најдобрите говорници своите најдобри говори ги започнуваат со брз вовед на темата, зошто толку им е важна истата и даваат аргументи со кои ги убедуваат членовите на публиката дека и на нив треба да им е значајна.

Често, најголемиот проблем во првичните концепти на презентациите е тоа што говорниците се обидуваат да покријат премногу широк терен. Не е возможно да се сумира опширен сегмент во еден говор, а притоа говорот да биде добар. Доколку пробаш да кажеш сè што знаеш во еден говор, нема да имаш време да ги потенцираш клучните детали. Затоа, ограничи го опсегот на говорот на она што може да се објасни и да се оживее со примери во предвиденото време.

- Advertisement -

Успешниот говор претставува чудо – луѓето потоа го гледаат светот поинаку.

Другата страна на спротивностите е доколку својот говор го преоптовариш со премногу објаснувања коишто слушателите секако ги знаат со што би го направил својот говор досаден. Понекогаш е подобро само да ги наведеш слушателите кон некоја цел и да ги оставиш самите да сфатат некои работи и да извлечат свои заклучоци.

Многу од најдобрите говорници ги структурираат своите презентации со наративна структура која полека следи „детективска“ приказна. Говорникот започнува со прикажување на еден проблем, а потоа опишува барање решение. По тоа, следува „аха“ момент и перспективата на публиката се менува.

Ако говорникот не успее да го направи ова, тоа скоро секогаш е разултат на тоа што говорникот погрешно го проценил нивото на интерес на публиката или не успеал да раскаже приказна. Дури и ако темата е важна, неиспланираното кажување на факти без наратив придонесува до незадоволство кај публиката – нема напредок и не чувствува дека учи нешто ново.

Кога станува збор за говори и презентации поврзани со организации и институции, мора едно нешто да знаеш. Луѓето не се многу заинтересирани за разговори за организации или институции, освен ако не се членови на нив. Идеите и приказните нè фасцинираат, а само презентирањето на работите коишто ги преземала некоја организација може да се сфати како фалење и на публиката ќе и биде многу потешко да се поврзе со самата организација.

Бизнисмените особено забележуваат: не се фалете со вашата компанија, туку зборете за проблемот што го решавате.

Испланирај го твојот говор и начинот на презентирање

Следен чекор е да се фокусираш на добра испорака на твојот говор и да го испланираш текот на презентацијата. Постојат три главни начини да се одржи еден говор:

  1. Можеш да го прочиташ директно од скрипта или од презентацијата.
  2. Можеш да развиеш збир на точки што ќе го одбележат она што ќе го кажеш во секој дел, наместо да го пишуваш целиот говор од збор до збор.
  3. Или, можеш да го запамтиш твојот говор, што подразбира негово повторување до точка каде што ќе го интернализираш секој збор.

Заклучно од овие опции, главен совет за тебе доколку сакаш да дадеш добар говор е: не го читај целиот говор од збор до збор. Публиката го приметува ова и дава изглед како да не веруваш во тоа што го кажуваш. А, ако тој што зборува на одредена тема личи дека не верува во тоа што го зборува, како ќе придонесе другите луѓе да поверуваат во тоа?

Другата опција којашто ја споменавме е да се меморира целата презентација од збор до збор. Ова е добар начин доколку треба да дадеш многу важен говор и секако, имаш време да го научиш говорот од збор до збор. Но, тука може да се јави еден голем проблем кој доколку публиката го примети може да даде исто толку лоши резултати како и читањето на целата презентација. Па, доколу се одлучиш да го научиш твојот говор на памет мора да поминеш и многу време вежбајќи сето тоа да биде кажано многу природно. Запомни дека доколку публиката те примети дека си го научил целиот говор на памет може да се осети како да го рецитираш.

Но, ако немаш време да го научиш говорот темелно не се обидувај во тоа. Тогаш, можеби најдобар начин е да пристапиш кон говорот со точките на белешките. Сè додека барем отприлика знаеш што сакаш да кажеш за секоја точка и природно го водиш преминот од една до друга, твојот говор ќе помине одлично. Главно, тука треба да се фокусираш на запомнувањето на транзициите од една точка до друга и да обрнеш внимание и на твојот тон на зборување. Некои говорници можеби повеќе преферираат да звучат авторитативни, мудри или моќни, но обично е многу подобро целиот говор само да звучи разговорно и природно.

Развиј добро присуство на сцената и не се плаши да ги покажеш твоите вистински емоции

За оние коишто не се искусни говорници, физичкиот чин да се биде на сцена може да биде најтешкиот дел од презентацијата, но во пракса луѓето имаат тенденција да ја преценуваат нејзината важност. Правилното искажување на зборовите, редоследот на приказната и суштината се многу поважни за успехот или неуспехот отколку тоа како стоиш на сцената или дали публиката приметува дека си нервозен. А, кога станува збор за присуството на сцена, мал тренинг може многу да помогне.

Една од поголемите грешки што говорниците ја прават за време на пробите е тоа што премногу ги движат своите тела. Тие се нишаат од страна на страна или ја префрлаат својата тежина од една нога на друга. Луѓето го прават тоа природно кога се нервозни, но тоа го одвлекува вниманието и го прави говорникот да изгледа неспремен. Едноставно, доколку говорникот се обиде да го задржи неподвижен долниот дел од телото може драматично да го подобри присуството на сцената. Некои говорници преферираат да се движат низ бината за време на презентацијата, и тоа е добро, само доколу тоа ти доаѓа природно. Но, барем за почетниците е подобро да стојат во место и да се потпрат на гестовите на рацете со цел да ги потенцираат искажаните зборови.

Можеби најважниот физички чин на сцената е контактот со очите. Оттука, добар совет за како добро да го изведеш ове е да најдеш пет или шест луѓе со пријателски изглед во различни делови од публиката и да ги гледаш нив во очи додека зборуваш. Замисли ги како пријатели кои не си ги видел една година, а кои треба да ги информираш за твојата работа. Тој контакт со очи е неверојатно моќен и ќе направи повеќе од било што друго за да ти помогне целата публика да те слуша додека зборуваш.

Друга голема пречка за неискусните говорници се нервозата и тремата кои се присутни и пред говорот и додека се на сцената. Луѓето се справуваат со ова на различни начини. Ејми Кади, професорка на бизнис школата на Харвард која проучува како одредени пози на телото можат да влијаат на моќта, користела една од понеобичните техники за подготовка пред давање на говор. Таа им препорачува на луѓето да поминуваат време пред говорот со лесно и споро чекорење наоколу, да стојат исправено и да ги шират своите тела – овие пози прават да се чувствуваш помоќен. Но, доколку ова ти изгледа премногу, секогаш е добар советот да се фокусираш на своето дишење и да дишеш длабоко. Едноставно и корисно!

Тремата не е страшна. Публиката очекува од говорниците да имаат одреден степен на трема.

Во принцип, луѓето премногу се грижат за тремата, но не се свесни дека публиката веќе го очекува тоа. Тоа е природен одговор на телото што всушност може да ги подобри твоите перформанси: ти дава енергија за изведување и го одржува твојот ум остар.

Да сумираме, најважното нешто што треба да го запамтиш е дека не постои еден добар начин да се се одржи говор. Најдобрите говори нудат нешто свежо и уникатно, а најлошите се оние кои звучат премногу формулирани, структурирани и речиси „вештачки“. Затоа, колку и да читаш за како да го одржиш најдобриот говор, сите совети и трикови треба да ги прилагодиш според твоите јаки страни и да го одржиш говорот на начин којшто е автентичен само за тебе.

Дополнително, доколку сакаш повеќе да се развиваш на ова поле ти препорачуваме да ја прочиташ книгата Talk Like TED: The 9 Public Speaking Secrets of the World’s Top Minds од Carmine Gallo.

Повеќе за како да одржиш добра презентација и говор можеш да погледнеш тука.

Tекстот е преземен од Media.next.edu.mk

Фото – Ted.com

Сподели!
- Advertisement -