ЕУ постави официјален рок за премин кон стандарден USB-C полнач

- Advertisement -

Часовникот почна да ги одбројува последните денови на различните полначи во ЕУ. Имено, откако Европската унија донесе директива со која сите електронски уреди ќе мора да користат ист тип на полнач (USB-C), донесен е и конечен официјален рок кога таа директива стапува на сила.

Така, сите уреди кои ќе се најдат на пазарот во ЕУ после 28 декември 20204 година ќе мора да бидат опремени со USB-C отвор за полнач. Директивата беше објавена во официјалниот весник на ЕУ и стапува на сила за 20 дена, а државите-членки ќе имаат најмногу 24 месеци за да го прилагодат националното законодавство.

- Advertisement -

Иако од порано се знаеше дека USB-C ќе мора да биде прифатен како стандард во наредните две години, не беше јасно кога точно ќе се случи тоа. Првите информации велеа дека наесен во 2024 година ќе стапи на сила директивата, но потоа за директивата беше споменуван крајот на 2024 година

Кљако тшо велат од ЕУ, директивата е донесена со целк да се намали електронскиот отпад кој се создава поради фрлањето на полани од постари генерации, чии отвори не одговараат со отворите на новите уреди. Според официјални информации, во ЕУ секоја година се фрлаат околу 11.000 тони електричен отпад.

- Advertisement -

Со директивата, исто така, на потрошувачите им се дава избор новите уреди да ги купат со полнач или без него, со што штедат пари, а воедно се намалува количината електронски отпад поврзан со производството, превозот и складирањето на полначите.

Четри години после стапувањето на сила на директивата Европската комисија ќе процени дали ваквата одвоена продажба треба да стане задолжителна.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -