Со купување на Quick Sox до помош на социјално загрозените семејства

- Advertisement -

Оваа празнична сезона тимот на Quick Sox одлучи да донира 20% од секоја нарачка на нивната веб, а средствата да се наменат за социјално загрозени семејства.

Оваа акција се прави во соработка со Здружение на граѓани за помош на социјално загрозените лица ХОУПГИВЕРС – Скопје. Станува збор за тим од 4 девојки кои пред четири години на еден обичен кафе муабет одлучија да направат нешто убаво за социјално загрозените семејства, дечињата од домовите како и за децата кои се наоѓаат на улиците низ Град Скопје. Секоја година се стремат да ја прошират акцијата и да опфатат што е можно повеќе семејства.

„Постоиме за да овозможиме подобари стандарди за социјално загрозените лица на територија на РСМ преку развивање механизми за намалување на сиромаштијата, социјалната екслузија и заштита на основните човекови права предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани со Уставот. Се надеваме дека и во иднина ќе наидеме на поддршка како од граѓаните така и од компаниите и институциите во реализација на нашите идни активности кои освен вакви хуманитарни акции ќе вклучуваат и други активности за едукација, рекреација како и обуки за социјален и културен развој на социјално загрозените лица“, велат тие.

Сподели!
- Advertisement -