Македонската компанија BtoBet, подружница на водечкиот снабдувач за еЛотарија NeoGames, го зајакна своето сениорско раководство со назначување на двајца истакнати професионалци од индустријата за спортско обложување. Компанијата ги претстави Фреди Боуринг како VP of Sales и Малте Хегелер како VP of Product, зад кои стои широка експертиза и долгогодишно искуство во индустријата.
Во својата лидерска улога, Боуринг ќе биде одговорен за управување со основната продажба на BtoBet и градење стратешки партнерства со потенцијалните клиенти на глобално ниво.
„Платформата на BtoBet е позната по својата флексибилност и врвна технологија, што ја прави едно од водечките решенија на пазарот. Во новата улога ќе ја поддржам стратегијата на компанијата да ја задржи својата водечка предност на постојните пазари, но и да се позиционира на нови, благодарение на цврстата основа развиена во текот на последните години“, изјави Боуринг.
Со повеќе од 15 години искуство во индустријата за спортско обложување, Малте Хегелер ѝ се придружува на компанијата по својата неодамнешна улога на привремен извршен директор во EveryMatrix и шеф на развојот на производи за платформата за спортски податоци на групата OddsMatrix.
На новата позиција, Хегелер ќе биде задолжен да го води тимот за развој на производот, надгледувајќи ја стратегијата и развојниот процес, сѐ со цел да обезбеди зајакната испорака на софтверското решение на BtoBet до водечките светски обложувалници.
„Заедно со посветеноста на BtoBet да испорача флексибилни и супериорни решенија и услуги за спортско обложување, навистина сум среќен што ќе се приклучам на овој талентиран тим и ќе го надоградам нивниот моментум“, рече Хегелер.
Според управниот директор на BtoBet, Дима Ридерман, назначувањето на Боуринг и Хегелер јасно покажува дека BtoBet има намера да продолжи да го зајакнува својот лидерски тим со ангажирање на најдобрите таленти во вертикалата за обложување.
„Како што продолжуваме да се развиваме и да го доставуваме нашиот супериорен производ на уште повеќе глобални партнери, важно е да имаме силна визија и лидерство. Со своето искуство и докажана способност, новите дополнувања на менаџерскиот тим ќе бидат од вистинска вредност за BtoBet, додека продолжуваме да се етаблираме во првите редови на висококонкурентната iGaming индустрија.“
По консолидирањето на својата пазарна позиција во Латинска Америка и Африка, во моментов компанијата е посветена на проширување на своето присуство на зрелиот европски пазар, но и за влез во Северна Америка, којашто се очекува до 2026 година да достигне вредност од 24.3 милијарди долари и да стане двојно поголем пазар од Обединетото Кралство.