Секој еден млад кој има идеја за младинско социјално претпријатие, но нема почетен капитал отсега ќе имаат можност преку платформата „Млади претприемачи“ да ги претстават своите иницијативи за социјални претпријатија и потоа да соберат финансиска поддршка од јавноста за нивна реализација.
„Млади претприемачи“ претставува алатка која е замислена како ресурс за нови, но и за постоечки иницијативи и нуди помош во секој чекор од процесот на реализација и промоција на бизнис идеја.
Процесот на претставување на Вашата идеја е брз и едноставен. Потребна е регистрација на платформата со креирање на кориснички профил.
Веб-платформата „Млади претприемачи“ е креирана од страна на Националниот младински совет на Македонија, со финансиска поддршка на ЕУ. Целта е да се поттикне економско зајакнување и развој на социјалното претприемништво, како модерен начин за самовработување на младите.