Трипати зголеменa количината на пластика во Средоземното Море

- Advertisement -

Нов студија покажа дека на дното на Средоземното Море се собира пластичен отпад со алармантна брзина. Иако знаеме дека голем дел од пластичниот отпад кој го создаваме ние луѓето завршува во водените површини на Земјата, не е познато што се случува со него потоа.

Нова студија која ги документира насобраните микропластични честички на дното на Средоземното Море фрли ново светло на тоа прашање, а авторите на студијата дошле до неверојатен заклучок дека концентрациите на овој материјал не дното на Средоземното Море се зголемиле за 3 пати од 2000 година досега.

- Advertisement -

Тим од шпанскиот Автономен универзитет во Барселона и од данскиот Универзитет Алборг сега објавија повеќе истражувања за микропластиката во Средоземното Море, со фокус на тоа како тоне на морското дно и што се случува потоа.

Tимот користел напредна технологија за да проучува микрочестички од 11 микрометри. Тие откриле дека таа ситна пластика останува на дното откако ќе стигне до него. Велат дека недостигот на деградација може да биде поради немањето ерозија, кислород или светлина.

- Advertisement -

Процесот на фрагментација се одвива главно во седименти на плажите, на површината на морето или при паѓањето надолу. Кога ќе дојде до дното, разградувањето е минимално, така што пластиката од 60-тите години уште е на дното на морето.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -