Кујна на солидарност пред големите празници

- Advertisement -

400 топли оброци беа поделени во акцијата „Food drive “ за социјално загрозените семејства во Битола. Храната се подготвуваше во мобилната кујна која беше поставена кај старата битолска касарна, а сите потребни продукти за подготвување на оброците ги обезбеди финтек компанијата СН Финансиското друштво.
„ Ова е наша традиција, секоја година не само да донираме, туку и да учествуваме во подготвувањето на топлите оброци за нашите сограѓани од социјално загрозените семејства. И мора да кажам дека од редица хумани акции кои нашата компанија ги прави во тек на една календарска година, оваа мене ми е најдрага. Ја нарекувам штанд на добрина. Зошто, сосем е поинакво чувството кога храната во пакети ја пакување и дистрибуирате на непознати адреси и тоа ние реално сѐ уште го правиме, но да готвите топол оброк кој ќе го подарите лично е нешто сосем друго. Затоа што не донирате само храна, туку и време и љубов со кој истата ја подготвувате. Би сакал ова да стане акција во континуитет, а не само повремено пред празниците. Факт е дека недостига народна кујна во Битола, како што е исто факт дека има семејства кои едвај врзуваат крај со крај за еден пристоен оброк. Нека биде ова повик до сите општествено одговорни компании, да направиме широка акција. Ние сите треба да дадеме нешто на заедницата, особено на онаа на која навистина им треба помош и поддршка„ – истакна Никола Јошевски, генерален директор на СН Финансии.

Оваа хуманитарна акција ја организираа Општинската Организација на Црвен Крст Битола заедно со членовите на Лајонс клубот Хераклеа од Битола, а донацијата во храна и директно учество во подготовка и дистрибуирање ја реализира СН Финансиското друштво.

Сподели!
- Advertisement -