Forbs го предлага Охрид за посета како еден од најубавите градови на Балканот

- Advertisement -

Преубавиот Охрид е помеѓу градовите кои угледниот Forbs ги предлага за посета, како еден од најубавите градови на Балканот.

– Овој културен и природен бисер се наоѓа на североисточниот брег на Охридското Езеро. Охрид има многу културно-историски споменици, меѓу кои и значителен број стари цркви изградени во византиски стил. Благодарение на близината на прекрасното Охридско Езеро, овде ќе најдете голем број автохтони видови риби и растенија. Љубителите на природата дефинитивно треба да го истражуваат блискиот национален парк „Галичица“, пишува американскиот бизнис магазин.

- Advertisement -

На листата за посета се и Варна Бугарија, Ниш Србија и Берат Албанија. 

Извор: ohridpress.com.mk

- Advertisement -

Фото – Hippopx

Сподели!
- Advertisement -