Замрзнувањето на маржите на основните прехранбени производи останува на сила до мај следната година

- Advertisement -

Ако е потребно, министерот додаде дека ќе бидат преземени и други мерки во насока на намалување на цените на продуктите, иако, како што кажа, цените особено на основните прехранбени производи веќе се стабилизираат, а некои синџири маркети веќе и самите почнале да ги замрзнуваат цените на производите

Мерката за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи која истекува на крајот на месецов ќе биде продолжена до крајот на април идната година, до кога е прогласена и енергетската криза, најави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција на која го презентираше предлог-буџетот за Министерството.

Ако е потребно, министерот додаде дека ќе бидат преземени и други мерки во насока на намалување на цените на продуктите, иако, како што кажа, цените особено на основните прехранбени производи веќе се стабилизираат, а некои синџири маркети веќе и самите почнале да ги замрзнуваат цените на производите.

- Advertisement -

Бевме многу транспарентни пред граѓаните. Не кажавме дека ќе има намалување од 50, 70, 80 отсто за декември. Благо поевтинување мислам дека веќе има. За цената на лебот се правеа драми тука во прес-центарот на Владата. Веќе и ‘Жито лукс’ почна да ги намалува цените, а одредени производители веќе има неколку недели како ги намалуваат. Маслото за јадење веќе не е 150-160 денари. Може масло за јадење да се најде и под 100 денари во одредени маркети, во зависност од производителот“, додаде Бектеши.

Бектеши нагласи дека за јануари се прават калкулации и со компаниите и со стопанските комори и, како што додаде, се очекува дополнително намалување на цените.

- Advertisement -

„Колкаво ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено кога ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори“, истакна министерот.

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -