Општествената одговорност, креативниот, иновативен пристап и добрата услуга – клучни за градењето на позитивниот имиџ на Халкбанк

- Advertisement -

Интервју со Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје

2022 година е на самиот крај. Како генерално би ја оцениле годината која изминува? 

- Advertisement -

Годинава што изминува е навистина уште една тешка година од економски аспект. Се соочувавме со кризи на глобално ниво, кои следеа една по друга и влијаеа на сите аспекти од секојдневниот живот на човекот.

Луѓето навистина ги чувствуваат ефектите од сите овие случувања, па затоа ние како општествено одговорна компанија за која во фокусот е важноста на луѓето  се трудевме најпрво да понудиме соодветни услуги и иновативни производи кои ќе го олеснат секојдневието на луѓето, а потоа и да реализираме проекти со кои ќе помогнеме и ќе ја истакнеме важноста на различните категории на луѓе, ќе едуцираме и ќе ја поткреваме општата свест, а на крај, и ќе придонесеме за природата, општеството и заедницата во кои делуваме.

- Advertisement -

Во изминатата година, Халкбанк испорача позитивни резултати, што се должи на фактот што и под овие услови Банката внимаваше да испорача производи во согласност со потребите на пазарот, а воедно и да биде лидер во воведувањето производи базирани на нови технологии и дигитализација.

Од аспект на нашата општествено-одговорна политика, годинава реализиравме повеќе кампањи преку нашите платформи ХалкЕко, Халки и Чуварите на мудроста кои имаат различни мисии и се наменети за различни категории на луѓе. Имавме кампањи насочени кон поттикнување користење на иновативни услуги, потоа кампањи за едукација на децата, кампањи за поддршка на повозрасните генерации, на малите  бизниси и слично . И секако, она што е наш белег, континуирано спроведување на еко акции кои се во рамките на нашата политика да дадеме силна подршка за поттикнување на здрави животни навики и заштита на природата.

- Advertisement -

Маркетингот на Халкбанк дефинитивно се разликува од другите, со свои специфики, интензивна динамика и иновативен пристап. Во што е вашата маркетинг формула?

Во Халкбанк постои висока свест за значењето на градењето на позитивен бренд, неговата комуникација и активностите кои го доближуваат истиот до јавноста. Перцепцијата, доживувањето и искуствата кои ги имаат луѓето за и со брендот, имаат големо значење и за остварувањето на целите на компанијата. Нашата стратегија за бренд менаџмент и маркетинг комуникации се води по тоа да биде што е можно поприлагодена, прифатлива и актуелна за луѓето на кои сакаме да им се приближиме. Ова се однесува за секој сегмент од нашите комуникации. Исто како и производните понуди, на креативен и на прилагоден начин се обидуваме да се презентираме пред секоја целна група. Притоа, навистина сакаме и се трудиме да бидеме креативни, допадливи и што е можно поуникатни во комуникацијата, во реализацијата на кампањите и во создавањето на искуствата за нашите конзументи.  Кон остварување на оваа наша цел, посветено и партнерски работиме со голем број на креативни луѓе од маркетинг агенциите со кои соработуваме, но и со поединечни професионалци, конкретни изведувачи или медиуми на чија експертиза и креативност заслужиле да се наслониме.

Во самиот тим кој работи на брендот – неговата позиција, комуникација и развој, маркетинг кампањи и општествено одговорни проекти, учествуваат луѓе кои со голема љубов и елан се трудат да испорачаат што е можно подобри резултати во реализација на нашата стратегија. И тоа се надеваме дека се забележува.

Секако поврзано со ова е и општествено одговорното дејствување на Банката. Навистина не би можела да ги набројам сите иницијативи и проекти кои ги реализирате во областа на спортот, културата, екологијата, образованието, ранливите категории на граѓани… На што се должи ваквиот пристап? 

Морам да истакнам дека во суштина најмногу им се радуваме и со голема посветеност работиме на проектите кои се дел од нашата стратегија за оддржливост. Овие активности ги водат нашите амбиции и нѝ помагаат да се трудиме постојано да додаваме позитивна вредност на општеството.

Најголемиот број од ваквите проекти се дел од веќе изградените наши ОО платформи- ХалкЕко, Халки и Чуварите на мудроста.

Во деловната практика на Халкбанк корпоративната општествена одговорност е многу важна. Ние ја разбираме корпоративната одговорност како наш економски, еколошки и социјален придонес кон оддржливиот развој. За нас да се биде успешна компанија на долг рок значи да се градат и оддржуваат долгорочни партнерски односи со клиентите, но и да се обезбеди дополнителна вредност за секој еден од нив, како и за соработниците, акционерите и вработените. Почитувајќи ги сите високи етички стандарди се стремиме да воведеме иновации и да обезбедиме одржлив раст на бизнисот, а истовремено да создаваме  вредност за сите засегнати страни, да креваме свест, да едуцираме, да сме поборници за позитивни промени.

Верувам дека ваквата наша политика на општествена одговорност придонесе во текот на годините на нашето присуство на македонскиот пазар да се развие нашата репутација и затоа денес сме признаени не само како доверлива банка, ориентирана кон клиенти, иновативна и растечка банка, туку и како општествено одговорна и еко-пријателска банка.

Дали и колку самите вработени во Банката се дел од активностите кои ги спроведувате? 

Најголемата вредност на Банката се нејзините вработени. Тие се нашите бренд амбасадори кои преку секојдневен контакт со клиентите ја шират мисијата на банката и придонесуваат за правилно запознавање на клиентите со вредностите на банката и нејзините заложби. Покрај тоа што вработените се тука за финансиска и советодавна поддршка за клиентите при изборот на вистинските производи за нивните моментални потреби, вработените се дел и од сите наши општествено – одговорни практики. Без разлика дали станува збор за спроведување на интерни практики за заштеда на електрична енергија или рециклирање на хартија, тие се дел и од поголемите наши проекти како зелени иницијативи за засадување на дрвја, спортски настани како нашата велосипедска трка Halk Velo Green, настаните посветени на најмалите, културни настани и настани посветени на социјално загрозените категории на луѓе.
Нивниот придонес и нивното задоволство е најзначајно за нас, бидејќи тие се оние кои во сржта ја разбираат нашата мисија , нашата стратегија и нашата методологија и кои на најдобар начин можат да ја пренесат и да бидат позитивен пример за останатиот дел од општеството.

Исто така сте познати како компанија што спроведува бројни еко практики. Кажете нѝ нешто повеќе за ХалкЕко? 

Ние сме компанија што перманентно вложува во заштита на животната средина, како во зазеленување на земјава со нови дрвја, така и во организирање и давање поддршка на низа други активности кои се во насока на поттикнување здрави животни навики и заштита на природата, поради што Халкбанк е и препознаена како еко-ориентирана банка.

За реализирање на овие цели ја формиравме платформата– HalkEco, преку која што организираме кампањи, акции и иницијативи и настојуваме да оставиме траен белег придонесувајќи кон подобра, почиста и поздрава животна средина за сите нас.

Од стартот на апликацијата HalkEko, која денес прерасна во платформа, Халкбанк има донирано над 35.000 садници со кои се зазеленија дворовите во училиштата, градинките и парковите во повеќе градови, но и голини во повеќе региони во земјата.

Преку HalkEco, освен пошумување, се реализираа и други активности  како реконструкција на мостовите во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост и донација на корпи за отпадоци во Крушево, уредување на ХалкКорнер во ТЦ Лептокарија и во Гостивар, донирање на HalkEco инклузивно игралиште во основно училиште во Тетово и Охрид, голем мурал во Маврово, поддршка на најразлични трки и други спортски активности, но и организирање HalkVeloGreen трка во Маврово чиишто средства собрании од котизации се донираат за обнова на шумскиот фонд онаму каде што е потребно.

Последна активност во рамките на платформата е и соработката со познатата дизајнерка Јована Филиповиќ која дизанираше повеќе типови на еко торби со цел да ги испопуларизираме еко торбите за купување и да иницираме намалена употребата на пластичните ќеси.

Халкбанк исто така е дел од коалицијата  „Priceless planet“ на Мастеркард чија цел е да се засадат 100 милиони дрвја низ светот до 2025 година.

Иновациите се тие кои во денешно време ги движат и забрзуваат бизнис процесите. Кои иновации во вашето работење ги промовиравте годинава и кои ви се плановите во оваа насока? 

Современите корисници на банкарски услуги сè повеќе користат дигитални технологии. Интернет банкарството стана стандард во развиените земји во кои опаѓа употребата на физичка готовина. Дигиталната трансформација на банкарската индустрија покрај интернет банкарството, подразбира и високо ниво на автоматизација на сите банкарски процеси и воведување услуги и производи базирани на новите технологии.

Во Халкбанк многу се води грижа за следење на новите технологии и нивна примена во работењето и креирање услуги базирани на нив. Нашата банка денес е лидер во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување нови технологии и обезбедување брза услуга преку високо развиена, модерна платформа на алтернативни канали.

На пример, Халкбанк е пионер на пазарот во имплементирање на услугата електронско банкарство и е банка што прва на пазарот ги лансираше Mastercard PayPass картичките за бесконтактно плаќање. Исто така, први на пазарот ја воведовме PCI DSS сертификацијата за поголема сигурност на банкарските трансакции. Халкбанк постојано ги надградува и своите ПОС терминали и АТМ-и каде е овозможена и опцијата за депонирање средства на својата сметка. За првпат банката понуди и бонус програма за кредитните картички, како и опцијата„Smart Cash“ за повлекување готовина од банкомат без користење картичка. Од иновативни производи би ги издвоиле и апликациите HalkPay со која мобилниот телефон станува паричник или GarminPay, со која може едноставно и брзо да се плаќа со Garmin часовник.

Халкбанк е меѓу првите банки што има овозможено онлајн отварање на депозитен и на кредитен производ, со кои на едноставен начин, во неколку чекори клиентот може да креира депозит од компјутер или мобилен телефон, или може да добие дополнителни средства на својата сметка користејќи го онлајн кредитот преку своето мобилно или електронско банкарство, а без физичка посета на банка.

Бидејќи новите технолгии се основа на нашето работење, ние и во иднина, со следење на она што е тренд во банкарството во развиените земји а со голем know-how и од матичната банка, ќе продолжиме со воведување производи базирани на истите.

Што да очекуваме од креативниот маркетинг тим на Халкбанк во 2023 година?

И во 2023 година ќе продолжиме со голем ентузијазам и огромна љубов да креираме кампањи посветени кон сите категории на луѓе.

Максимално сме посветени на нашите ценети клиенти, на нивните лични и бизнис потреби. Сакаме да сме конзистентни и да се развиваме и растеме на сите полиња на кои веќе работиме.

Ќе продолжиме да ги надоградуваме нашите платформи за општествена одговорност: Халкеко, Халки и Чуварите на мудроста. Верувам дека ќе имаме уште повеќе и уште поголем импакт на сите полиња на кои овие платформи функционираат- животната средина, децата, културата, нивната едукација и повозрасните.

Се надевам дека ќе имаме и бројни, успешни и креативни кампањи кои ќе презентираат нови услуги, иновативни производи и ќе го доближуваат нашиот бренд до Луѓето.

Сподели!
- Advertisement -