Апликацијата Waze доби уште една многу корисна функција која ќе ја зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот. Waze е една од навигациските апликации кои многумина ги преферираат поради информациите за условите на патот и евентуални сообраќајни незгоди, а сега е во фаза на тестирање на уште една многу корисна функција која ги предупредува корисниците на патиштата на кои е забележан голем број несреќи. Овие информации се собираат врз основа на податоци од Waze заедницата.
Бета верзијата на апликацијата Waze ги предупредува на околните патишта кои се високоризични кога се во прашање сообраќајните незгоди,а ги означува со црвена боја на мапа.Меѓутоа, сега апликацијата нема да ги означува доколку корисникот често ги користи тие патишта, туку прикажува замо едно поп ап известување за опасните патишта околу него за да биде повнимателен, но и да се избегне напнатост.
Оваа функција моментално е во бета верзија, но наскоро ќе стигне до сите корисници на Waze. Оние кои нема да ја сакаат, ќе има опција гаснење во делот за прилагодување на известувањата.
Ова е една од новите функции кои Waze ги доби откако апликацијата е под контрола на групацијата која ги надгледува и Google Maps.
(Klix.ba)