Паметна рерна во живо ви го пренесува готвењето на ручекот

- Advertisement -

Ако со некого сакате да споделите што приготвувате за ручек, сега тоа можеѕе да го направите со директен видеопренос од вашата рерна. Имено, меѓу бројните паметни уреди кои ќе ги шретстави Samsung на годинашниот технолошки саем CES 2023, освен фрижидер со екран од 32 инчи, е и рерната Bespoke AI Oven.

Рерната содржи комбинација од вештачка интелигенција и иновативни вкусни оброци, при што се служи со најновите опции AI Pro Cooking и Sense Inside. Опцијата AI Pro Cooking ги оптимизира поставките за готвење, додека исторемено ја следи храната што се готви. Ако во рерната е ставено јадење кое паметната опција го препознала по препорачаната тепература и времетраење, AI Pro Cooking системот ќе испшраќа известувања со предупредување за статусот на храната за да се зпречи загорување.

- Advertisement -

Со користење на внатрешната камера и моќната вештачка интелигенција опцијата Sense Inside, која е првиот алгоритам од овој тип за препознавање на храната и откривање на кој UL Solutions му додели AI верификација за уреди за кујна – може да порепорача поставки за готвење со препознавање на 80 различни јадења и состојки.

Интеграцијата со SmartThings Cooking услугата и Samsung Health апликацијата овозможува рерната Bespoke AI Oven да ја анализира статистиката на вежбање на корисникот и која исхрана му е потребна за да препорача идеални оброци врз база на состојките кои ги имаат дома.

- Advertisement -

Една од можеби најинтересните опции е можноста за споделување фотографии од јадењето во рерната, па дури и емитување видео во живот од јадењето кое се приготвува.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Samsung)

Сподели!
- Advertisement -