Сенегалец сака да посади 5 милиони стебла за 5 години

- Advertisement -

Еден жител на Сенегал од југот на земјата си зададе многу амбициозна цел – да посади 5 милиони дрвја во наредните 5 години. Тоа значи дека ќе треба да засадува по 1 милион дрвја годишно.

Овој визионерски проект на Адам Дијема му паднал на памет кога се вратил во родниот крај во 2020 година, после неколку години работа во Европа, пренесува ВВС. Четириесетгодишниот Дијема бил шокиран кога видел дека во селата каде што кога бил млад имало стотици стебла џиновски дрвја сега има само по неколку.

- Advertisement -

„Во некои села нема ниту едно дрво. Ги исекле, а не размислувале да засадат нови стебла“ вели Дијема за BBC.

Ширум Африка ширењето на пустината е една од причините за дефорестација, но во родниот крај на Дијема главниот проблем е неумереното сечење на дрвјата за градежен материјал за куќи или за производство на дрвен јаглен.

- Advertisement -

Меѓутоа, Дијема, кој моментално работи како проект менаџер за шпанска невладина организација во совјот роден регион, е решен да го промени тоа. Тој почналк да собира средства за остварување на својот сон – донирал 5.000 долари од свој џеб за да го започне проектот позеленување на Сенегал.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -