ВИДЕО: Паметен часовник ќе ви каже колку сте уморни и будни

- Advertisement -

На пазарот за паметни часовници може да се најдат многу модели опремени со сензорска технологија која, меѓу другото, овозможува следење на работата на срцето и мерење на нивото на кислород во крвта, но Citizen оди уште еден чекор напред со својот нов часовник претставен на CES 2023. Часовникот CZ Smart Watch мери колку сте уморни и какво ви е нивото на будност. Дури ќе ви каже и кој хронотип на личност сте, односно дали сте ноќна птица или ранобудни.

„Паметниот часовник Citizen CZ Smart Sport од 44 мм со сино силиконско ремче е осмислен за да ви помогне да бидете најдобра верзија од себеси во текот на целиот ден. Часовникот користи модели на вештачка интелифенција базирани на IBM Watson Studiо и истражувања во Истражувачкиот центар Емјс во НАСА“ велат од Citizen.

- Advertisement -

Освен што ви помага да предвидите замор и будност, часовникот нуди многу персонализирани увиди и и предлага работи кои ќе ви ја подобрат будноста и ќе ви изградат подобри и пзодрави навики. Компатибилен е со iPhone и со Android уреди и користи Google Wear OS.

„Како сте денес?“ На тоа прашање наскоро ќе може да одговори вашиот паметен часовник, кој ќе го купите по цена од 375 долари.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Citizen)

Сподели!
- Advertisement -