Британска компанија создаде трактор кој ќе ја смени земјоделската индустрија. Тракторот како гориво користи измет од крави и како што велат од компанијата, работи исто како нормалните трактори на дизел.
Тракторот е првиот во светот кој користи течен метан и е првиот чекор кон декарбонизација на агроиндустрија и реализација на циркуларна економија.
Метанот од кравји измет може да се користи за да се добие гориво, со што ќе се олесни циркуларниот економски модел.
Карбонскиот отпечаток на фармите е голем фактор за постигнување одржливост. Освен тоа, фармерите продолжуваат да бараат моќни трактори кои ќе работа континуирано. Затоа, најдобрите опции кои се достапни сега за голема моќност и помала емисија се природниот гас и биометанот.
Тракторот го тестирале една година пред да започне со производство. Во текот на тестирањето во Корнвол, Англија, емисијата на јаглерод диоксид била намалена за 2.500 метрички тони на само 500 метрички тони во период од една година.
(Interesting Engineering)