Бислимоски: Произведената струја од обновливи извори може да снабди 65.700 домаќинства

- Advertisement -

За една година Регулаторната комисија за енергетика издала 267 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори, најмногу за фотоволтаични централи, а во првите работни денови пристигнати се 13 нови барања за фотоволтаици.

Минатата година инсталирани се производни капацитети што се приклучени или на преносна или на дистрибутивна мрежа. Најмногу 106,5 мегават-часа се произведени од фотоволтаични електрани, 36 мегават-часа се од ветерната електрана во Свети Николе, која е прва приватна компанија, 7,2 мегавати се од мали хидроелектрани и 2,5 мегавати се од електроцентрали што користат биомасло.

- Advertisement -

Вкупниот инсталиран капацитет за производство на инсталирана електрична енергија е зголемен за седум проценти во однос на 2021 година. Инсталираниот капацитет на овие електрани од обновливи извори одговара на капацитетите на ХЕЦ ‘Козјак’, ХЕЦ ‘Света Петка’ и ветерниот парк во Богданци. Оваа произведена струја од обновливи извори може да снабди 65.700 домаќинства или приближно шест града заедно како Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Свети Николе. На овој начин се доаѓа до чиста енергија и ние во регионот сме напред во транзицијата. Во 2023 година имаме добиено нови 13 барања за фотоволтации и верувам дека ќе имаме нови 250-300 мегавати само оваа година“, соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој рече дека регулаторот ќе се концентрира на воведување подзаконска регулатива за поставување батерии со цел да се олесни балансирањето на целиот енергетски систем.

- Advertisement -

Батериите како технологија се релативно скапи и може да ја зголемат цената од 20 до 30 %. Но, има субвенции што драстично ќе ја намалат таа разлика. Некои искуства покажуваат дека во производствената цена на струјата, батеријата ќе учествува со удел помеѓу 10 и 20 отсто“, додаде Бислимоски.

(Makfax)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -