Вселенскиот телескоп James Webb ја откри својата прва егзопланета

- Advertisement -

Откако во првите шест месеци работи даде спектакуларни резултати, вселенскиот телескоп James Webb сега ја откри својата прва егзопланета. Телескопот влезе 41 светлосни години во космосот и го потврди постоењето на планета во констелацијата Octans со дијаметар кој е 90% од тој на Земјата, Планетата е потврдена и е наречена LHS 475 b.

Тим од астрономи од Универзитетот Џонс Хопкинс, предводен од Кевин Стивенсон и Џејкоб Лустиг-Јегер, ги забележа доказите за егзопланетата додека пребарувале низ податоци собрани со помош на сателитот TESS на американската вселенска агенција НАСА. Меѓутоа, со инструментот Near-Infrared Spectrograph (NIRSpec) на телескопот James Webb потврдено е постоењето на планетата.

- Advertisement -

„Нема сомнение дека станува збор за планета. Беспрекорните податоци на Webb ја потврдија“ се вели во соопштението на НАСА.

Како што откриваат од вселенската агенција, меѓу телескопите кои се денес во функција, вклучувајќи ги и тие на Земјата и тие во орбитата, само James Webb може прецизно да ја карактеризира атмосферата на егзопланетите слични на Земјата. Истражувачкиот тим уште работи на тоа да установи каква амтосфера има карпестата планета и дали воопшто има атмосфера.

- Advertisement -

Меѓутоа, изгледа дека температурата на површината на планетата е околу 300 степени Целзиусови, многу повеќе отколку на Земјата.LHS 475 b ја комплетира орбитата околу својата ѕвезда за само 2 дена.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -