Денес се одржува конференција за економските предизвици во 2023

- Advertisement -

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, а во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија.

Како што е најавено, на конференција обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски, а во рамки на панел дискусиите ќе учествуваат гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Фатмир Бесими како и претставници од бизнис заедницата.

- Advertisement -

-Целта на конференцијата е на едно место да ги обедини креаторите и носителите на економски политики и претставниците на бизнис заедницата, овозможувајќи јавно-приватен дијалог и презентирање на различните видувања и предлог мерки за креирање на ефиксни економски политики од страна на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година, во услови на големиот број на економски и политички предизвици со коишто се соочува светот а амбиентот за стопанисување во РСМ станува се’ понеизвесен и поврзан со голем број на предизвици, се вели во соопштението на Стопанската комора.

Стопанската комора на Северна Македонија преку Советот планира оваа конференција традиционално да ја организира во декември секоја година како предвесник на економските политики и услови за стопанисување во наредната година.

Сподели!
- Advertisement -