Во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал, Corruption Perceptions Index, Македонија се најде на 85. место.
Според Транспаренси интернешнал, главен проблем се наведува недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција кое ги поткопува напорите за решавање на проблемите.
Македонија е една од најлошите држави во регионот според перцепцијата на корупција. Пред Македонија на листата се наоѓаат Словенија (41.), Грција (51.), Хрватска (57.), Црна Гора (65.), Бугарија (72) и Косово (84). Полоши на листата се само Србија и Албанија (101) и Босна и Херцеговина (110 место).
Данска, Финска и Нов Зеланд повторно се најдоа на врвот на листата како најмалку корумпирани држави во светот. Данска е прва со 90 поени од можни 100, додека Финска и Нов Зеланд го делат второто место со 87 поени.
(Denar.mk)