Авиолинија Белград – Охрид стартува од 5 јуни

- Advertisement -

Српскиот национален авиопревозник, Ер Србија од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција.

Охрид ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година.

- Advertisement -

„ТАВ како аеродромски оператор секогаш топло ги пречекува одлуките на авиокомпаниите за нови или обновени авиолинии и летови. Среќни сме што Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид повторно ќе ја додаде оваа авиолинија во својата мрежа и ќе го опслужува летот Белград-Охрид-Белград, на кој ќе лета Ер Србија, откако беше стопиран во 2017-та година. Оваа авио-конекција ќе значи дека туристи од Србија ќе можат да патуваат до Охрид со авион и да ја посетат околината и регионот на Охридското Езеро на побрз и поудобен начин. Понатаму, оваа линија дополнително ќе отвори нови дестинации за нашите граѓани и за луѓето во гравитациската зона на охридскиот регион бидејќи Ер Србија лета до преку 70 дестинации во Европа, Медитеранот, Северна Америка, Азија и Африка, што претставува уште една предност и погодност за нашите патници, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.“

Авионските билети за оваа обновена авионска линија се во продажба и може да се резервираат на веб-страницата на Ер Србија, https://www.airserbia.com/en/destinations/flights-to-ohrid, како и на мобилната апликација на Ер Србија, достапна и за Android и за iOS.

Сподели!
- Advertisement -