Gorenje машините за миење садови освоија престижна награда за дизајн

- Advertisement -

Gorenje UltraClean машините за миење садови освоија престижна награда за дизајн на „German Design Awards 2023“. Стручното меѓународно жири на апаратите од оваа линија им додели признание „Special Mention“. Награди освоија и други производи на Gorenje, со што уште еднаш се потврди дека овој бренд е еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство.

Според Матевжа Попиќ, шеф за дизајн на производи во Gorenje, германската награда е многу важно признание што е доказ за добриот дизајн и квалитетот на производите, но и за тимовите кои стојат зад проектот.

- Advertisement -

Особено сме задоволни што се препозна новата насока за дизајн на брендот Gorenje, која во иднина ќе ја надградуваме и ќе ја надополнуваме со други групи производи со цел да формираме кохерентна линија на апарати. Исто така, сакам да нагласам дека нашиот избор на најрелевантните функции на апаратите нуди брзо и прецизно корисничко искуство кое дополнително се проширува преку апликацијата ConnectLife, која дава бројни дополнителни можности“, изјави Матевж Попиќ, раководител за дизајн на производи во Gorenje.

Дизајн и квалитет достоен за награда

- Advertisement -

Новата генерација на целосно интегрирани Gorenje UltraClean машини за миење садови ја доби наградата „Special Mention“ за одличниот дизајн на кујнските апарати. Наградените модели, меѓу кои ги издвојуваме GV693C61AD и GV663C60, овозможуваат совршено миење истовремено обезбедувајќи целосно суви и беспрекорно чисти садови.

(линк со привју: https://www.youtube.com/watch?v=eUlw9u2yDic&ab_channel=GorenjeMakedonija)

- Advertisement -

Експертското жири особено ја истакна функцијата ExtraHygiene, која отстранува до 99,9 проценти од бактериите и нечистотиите дури и на програми со пониски температури. Со технологијата TotalDry, по циклусот на миење, вратата на машината автоматски се отвора доволно за да ја испушти пареата. Свеж воздух влегува и ефективно ги суши садовите, кои веднаш се подготвени за складирање во плакари и фиоки.

Уникатното решение SmartDosing овозможува автоматско дозирање на детергентот за околу 20 циклуси на перење користејќи соодветна количина за секоја избрана програма. Целосно прилагодливите корпи и внатрешното осветлување прават одлична прегледност во внатрешноста на машината за садови. Исто така, фактот што машините со нивните флексибилно прилагодливи корпи нудат простор за гломазни садови покажува колку сеопфатно е обмислен основниот концепт на дизајн.

Искористете ги сите предности на модерната технологија за миење садови и со Gorenje UltraClean машините за миење садови направете вашите садови да бидат не само чисти, туку и ултра чисти!

Gorenje

Од своето основање во 1950 година, Gorenje се прошири во мултинационална корпорација и реномиран меѓународен бренд посветен на дизајнирање и усовршување на апарати за домаќинство со највисок квалитет и врвни еколошки и дизајнерски стандарди. Денес, секоја иновација што ја прави има цел да го поедностави животот на корисниците, бидејќи во Gorenje веруваат дека едноставноста е важна. Основните вредности на брендот, покрај едноставноста, се јасни: оперативна ефикасност, долговечност и одржливост. Откако стана дел од групацијата Hisense во 2018 година, Gorenje доби можност за понатамошен раст низ целиот свет. Спојувањето резултираше со голем производител кој нуди и електроника за широка потрошувачка и бела техника, редок пример во индустријата која стекнува нова конкурентска предност за иднината.

Сподели!
- Advertisement -