Најголемата фабрика за водород во светот ќе се гради во Јужна Австралија

- Advertisement -

Изградбата на најголемата фабрика за водород во светот и најголемиот електролизер ќе биде привилегија на владата на Јужна Австралија. Како што пренесува Renew Economy, јужноавстралиската влада е подготвена да изгради електролизер на водород од 250 MW, кој ќе биде 10 пати поголем од постоечките. Проектот ќе го предводи Сем Крафтер, извршен директор на Канцеларијата за енергија од водород во Јужна Австралија.

Според Крафтер, мислењата за овој проект се слични како тие за гигабатериите на Tesla – сите се скептични. Но, тој додава дека планот е едноставен, а храбар. Со изградба на ваквите проекти Јужна Австралија сака да привлече меѓународни бизниси и да се осигура дека ќе го отвори патот за многу поголеми проекти во блискиот хаб за водород во Порт Бонитон и во градот на челикот Вајала.

- Advertisement -

Лондонската компанија Frontier Economics понуди некои модели за потенцијалниот изглед на електролизерот и фабриката. Фабриката ќе биде поадаптабилна и ќе обезбедува електрична енергија во периоди на висока побарувачка и високи цени.

Крафтер вели дека Јужна Австралија добива 69% од енергијата што ја троши од сонцето и од ветрот. Тој процент се очекува да достигне 100% во наредните години.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Legal Planet)

Сподели!
- Advertisement -