Претставен првиот Realme Coca-Cola телефон

- Advertisement -

Realme, брендот за паметни телефони со најбрз раст во светот, штотуку го претстави телефонот Realme 10 Pro 5G Coca-Cola Edition. Realme отсекогаш е познат како бренд за паметни телефони кој со својот иновативен дизајн ги поставува трендовите и честопати соработува со брендовите за млади. После успешната соработка со познати филмови, аниме и игри, Realme воспостави соработка со брендот Coca-Cola.

Дизајнот на телефонот е инспириран од класичните елементи на брендот Coca-Cola, со асиметричен дизајн на позадината, каде штосо размерот 70:30 се нагласува логото Coca-Cola. Coke® црената боја дава позитивен, младешки и енергичен впечаток. Мат имитацијата на метл дава елегантно доживување н брусен алуминиум, додека телефонот истовремено останува отпорен на гребење и на отпечатоци од прсти.

- Advertisement -

За корисниците навистина да имаат автентично искуство телефонот има повеќе детали како што е Cola филтер од 80-тите години со специјален звук и кога фотографира звучи како да отворате вистинска Coca-Colа.

Телефонот има процесор Snapdragon 695 5G, батерија од 5000 mAh-a и ProLight камера од 108 MP. Телефонот доаѓа со 8GB+8GB динамичка РАМ меморија и до 1TB екстерна меморија. 10 Pro 5G Coca-Cola Edition ќе биде достапен на одредени пазари.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Realme)

Сподели!
- Advertisement -