Анализаторите на здивот, односно популарните драгери се одлични за откривање на луѓе кои пиеле алкохол, но многу е потешко да се препознае кога некој е под дејство ан дрога како канабисот.
Американскиот стартап Gaize направи уред кој ќе го смени тоа. Уредот е во форма на Pico Neo 3 Pro Neo VR очила, опремен со Tobii сензори за следење на движењето на очите и безжично е поврзан со паметниот телефон на корисникот или со таблет на кој е инсталирана соодветна iOS/Android апликација.
Gaize, во основа, е автоматизирана и преносна верзија на повеќе тестови за очи кои моментално ги прават полициските службеници во Америка. Тие тестови се осмислени за откривање ситни несакани движења на очите и ширење на зениците, што се случува под дејство на дрога. Конвенционалното тестирање бара посебна обука, вклучува повеќе постапки и мора да се прави под контролирано осветлување.
За разлика од тоа, за Gaize, наводно, треба малку обука, може да се користи на самото место и даа резултати за помалку од 6 минути. Освен тоа, не е наменет само за спроведување на законот, туку може да се користи и во транспортот, градежниѓтвото, рударството и речиси секое друго поле каде што дрогирањето би имало сериозни последици.
За да се тестира некој треба најпрвин да се постават очилата на главата на испитаникот и да се стартува апликацијата. Преку екранот на очилата испитаникот потоа гледа како една топка се движи со одредена брзина и по одредена патека, а сензорите Tobii го следат движењето на неговите очи и големината на зениците додека го прави тоа. Податоците од сензорите се испраќаат до компанија за анализа, а резултатите потоа се испраќаат до мобилниот телефон на испитувачот.
(Vidi.hr)
(фото: Gaize)