Војната во Украина ќе ја чини германската економија околу 160 милијарди евра или околу 4% од БДП на земјата до крајот на оваа година, изјавија од Германската комора за индустрија и трговија. Тоа значи дека БДП по жител во најголемата економија во Европа ќе биде за 2.000 евра помалку отколку што тби било да ја нема војната.
Индустријата има голем удел во економијата на Германија, многу поголем токолку што има во други земји. Овој сектор е многу зависен од енергенси, што значи дека германските компании се особено тешко погодени од покачените цени на енергенсите, кои лани достигнаа рекордни вредности во Европа.
Се очекува германската индустрија да плати 40% повеќе пари за енергија годинава отколку во 2021 година, односно пред кризата која резултираше од инвазијата на Русија врз Украина.
Проекциите за раст во 2023 и 2024 година, исто така, се пониски во Германија отколку во други земји. Германија, која со децении се потпира на евтиниот руски гас, плаќа особено високи цени за енергија во споредба со САД, кои имаат резерви на сопствен природен гас, додека Франција има многу нуклеарна енергија.
(Reuters)
(фото: Wikimedia)