Најава за можно враќање на евтината струја

- Advertisement -

Можно враќање на дневната евтина струја од 14 до 16 часот од 1 јули најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона. Од октомври до средината на февруари имавме поволни услови, граѓаните заштедија 14 проценти енергија, сите домашни капацитети се во функција и за прв пат над 80 отсто од потребите за енергија ги задоволуваме од домашни капацитети. Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја, изјави Бислимоски.

Сподели!
- Advertisement -